Уметнички фотографии на кумановски автори на изложба во Марибор Фото кино клубот „Козјак“ од Куманово учествувал на изложба на фотографии што одржала во Музејот на фотографија во Марибор, Словенија.
Неексплодирана граната пронајдена во Бедиње Стара минофрлачка граната калибар 120 мм, вчера била пронајдена во населбата Бедиње.
Ќе се реконструира филтер станицата на ЈП „Водовод“, проект вреден 1,3 милиони евра По 65 - години откако е изградена за првпат ќе се реконструира Фабриката за преработка на вода, која работи во состав на ЈП „Водовод“ во Куманово.
Од полноќ дизелот поевтин за два денари Цената на дизел горивото ќе се намали за 2 денари од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Другите деривати остануваат со истите цени, по вчерашното поскапување на мазутот.
Знам ги повика граѓаните да дадат потпис за поддршка на кандидатурата на Димитриевски (видео) Кумановскиот огранок на партијата „Знам“ ги повика граѓаните да дадат поддршка на нивниот претседателски кандидат Максим Димитриевски, со тоа што ќе се потпишат за неговата кандидатура.
Досега девет кандидати за претседател на државата Девет кандидати ќе се борат за претседателскиот мандат на пролетните избори, а собирањето на потписи започнува од денеска и ќе трае до 8 март. Пријавени се поголем број на кандидати од последните избори пред 5 години, кога седум кандидати се бореа за претседателското столче.
Притвор за осомничениот за двојно убиство и обид за убиство во Габреш Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство.
Максим Димитриевски- претседателски кандидат на ЗНАМ Максим Димитриевски , градоначалникот на Куманово и лидер на партијата ЗНАМ и официјално е кандидат за претседател на државата од оваа политичка партија на претстојните претседателски избори, потврди кумановскиот портпарол Стефан Петковски за Кумановоњуз.
За над милион евра продаден дел од хотелите Кристал, Куманово и Ку-Ба Фирмата „Југоопрема“ А.Д. Скопје купи дел имотот на АД „Бисерка“, во стечај, откако на вчерашното Собрание на доверители, нивната понуда на јавниот повик за трите пакети во вкупен износ од над 1 милион евра била прифатена за најповолна.
Прва кафе книжарница во Куманово, урбано место налик на оние во големите метрополи (видео) За своја душа и за сите скептици кои мислат дека вакво нешто не може да опстои во градот, младата кумановка Марија Колевски ја напуштила работата во профитабилниот ИТ сектор и пред три месеци ја отворила првата кафе книжарница „Букси“ во Куманово.
Двојно убиство во Габреш Две лица се убиени и едно повредено во кумановското селото Габреш, откако во нив било пукано од огнено оружје.
Кумановски театар прими двајца млади глумци, македонскиот актерски ансамбл брои 16 члена Никица Јанковски и Анастасија Величковиќ потпишаа договор за вработување со НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово, со што станаа редовни членови на актерскиот ансамбал на Театар Куманово.
Депонија на третиот кат во „Гарнизон“ (видео) Третиот спрат на трговскиот центар „Гарнизон“, кој се наоѓа во центарот на Куманово, е затрпан со ѓубре и претставува извор на зараза како за вработените и гостите во околните локали, така и станарите кои живеат во комплексот.
Изложба на слики на Лара Ташковска во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово, утре во 19 часот пред кумановската ликовна публика ќе се претстави современата македонска сликарка Лара Ташковска.
Уапсена кумановка, крадела во продавница во Струга Полициски службеници вчера ја привеле В.И.(23) од Куманово, под сомнение дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи.
Почна реконструкцијата на внатрешноста на Соколана под стручен надзор на конзерватори Започна реконструкцијата на внатрешниот простор на спортската сала Соколана.