Бадник е неработен ден за православните граѓани Сабота, 6 јануари 2024 година, Бадник, ден пред Божик, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.
Општина Куманово одвои 90 илјади евра за топол оброк на најсиромашните граѓани Обезбедување на топол оброк на лица во најголем социјален ризик е новата мерка на Општина Куманово во рамки на програмата за социјална заштита на граѓаните.
Уништени десетина нови клупи на Градскиот кеј во Куманово Две клупи се целосно скршени, а уште 4-5 се откорнати од од своето лежиште и превртени на Градскиот кеј во Куманово. Вандализмот се случил во првите два дена во новата годината.
Започнаа подготовките за „Бадникова поворка“ во Куманово Детската „Бадникова поворка“ која го најавува Христовото раѓање по 9-ти пат ќе биде организирана во Куманово.
Намалена видливост на патот Куманово- Скопје Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Се намалуваат цените на горивата Oд вечерва на полноќ во малопродажните објекти бензините ќе имаат пониска цена за половина денар, а нафтата и екстра лесното масло за горење за еден денар.
За новогодишната ноќ нападнати 4 лица во Гиновци, други поголеми прекршоци не се регистрирани Мирно, без поголеми инциденти и прекршување на јавниот ред и мир поминале новогодишните празници, информираат од СВР Куманово.
Реплика на антички разбој со оригинални тегови од локалитетот Градиште, кривопаланечко (видео) Камените тегови кои биле дел од антички разбој, пронајдени на археолошкиот локалитет Градиште, кривопаланечко, не се сместени во витрина за да сведочат немо за човековата историја, туку им е даден нов живот да ја продолжат традицијата во современото доба.
Три случаи на труење со алкохол во новогодишната ноќ во Кумaново Само три случаи на труење со алкохол бележи Брзата помош од Куманово, но и тогаш не се работело за екстремни случаи или за малолетници. Најголем број од повиците за време на продолжениот викенд биле од хронично болните, претежно пациенти со белодробни заболувања што се должи на променливото време и загадениот воздух.
Куманово со машко бебе ја започна Новата 2024 година Во Општа болница Куманово, ноќеска во 3.30 часот се роди првото бебе во новата 2024 година. Ова е второ бебе на 25 -годишната Назлије Јусуфова, машко, тешко 2,580 грама и долго 49 сантиметри.
Китењето на елката во кумановскиот крај започнало со формирање на градските средини кон крајот на 19-тиот век Традиционалното китење на елката во кумановскиот регион и пошироко за првпат се среќава кон крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, кога се забележува и во јужните делови на Балканскиот полуостров.
Дефект на водоводна мрежа го остави без вода центарот на градот Пукната водоводна цевка на улицата „Ленинова“ пред поранешен „Вартекс“ ги остави без вода за пиење жителите во централното градско подрачје.
Понеделник неработен ден за сите граѓани Понеделник - 1 јануари 2024 година е неработен ден за сите граѓани во земјава.
Препорака за трговците на мало да работат и за време на празниците Продавниците на мало добија препорака да работат за време на празниците, поточно на 31 декември, 1, 7 и 8 јануари 2024 година.
Разговор со Ирина Поцкова од ГИЖ Свети Николе: Мерките за вработување не се доволно искористени во општина Свети Николе Граѓанската иницијатива на жени (ГИЖ) од Свети Николе, во рамки на проектот „Здружени за активно граѓанство“ кој го спроведува НВО Инфоцентар, со подршка на ЕУ, реализираше серија активности посветени на активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (АВРМ).
Невладината „Англупине“ подели пакетчиња на најмалите Хуманитарното здружение „Англунипе“ додели 130 пакетчиња на деца од социјално загрозени семејства и децата кои го изучуваат ромскиот јазик и култура. На радост на насобраните дечиња се одржа програма и забава со Дедо Мраз во малата сала на Центарот за култура во Куманово.