Водици неработен ден за граѓаните од православна вероиповед Празникот Богојавление - Водици, е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Северна Македонија.
Водата ќе поскапи, колку и кога ќе се знае наскоро Веројатноста дека ќе има зголемување на ценатата на вода во Општина Куманово е голема, но се уште е неизвесно колку ќе изнесува и од кога ќе важи, велат надлежните.
Со лична карта без „Северна“ нема патување во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ Со непроменета лична карта на која пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“ по 12 февруари годинава нема да може да се патува во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Четворица повредени во сообраќајка кај Ново Село Четири лица, меѓу кои две деца, се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне на регионалниот пат Куманово - Арачиново, кај Ново Село, кумановско.
На Табановце камионите ќе минуваат побргу, постигнат договор за признавање на кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија Од 1 фебруари ќе стапи на сила договорот меѓу царинските управи на Македонија и Србија за меѓусебно признавање на кантарските белешки, односно камионите кои превезуваат стока ќе се мерат само еднаш. Истата мерка ќе се однесува и на товарните возила кои транзитираат низ двете држави.
Се продава имот на Бисерка, дел од хотелите Кристал, КУ-БА и Куманово Објавен е оглас за продажба на дел од хотелите Куманово, Кристал и КУ- БА, кои се имот на некогашното угостителско претпријатие АД Бисерка во стечај. Јавното наддавање е закажано на 25 јануари годинава.
Личните карти ќе важат и по 12 февруари, велат од МВР Граѓаните кои имаат лични карти на кои рокот се уште не им е истечен ќе можат да ги користат истите и по 12 февруари 2024 година.
Од февруари ќе се вршат прегледи на доплер на екстремитети во кумановската болница Во Општата болница Куманово од февруари ќе се врши преглед на доплер на крвни садови на екстремитети. Метода ќе се спроведува на Одделот за дерматовенерологија, а ќе ја изведува д-р Мирјана Србиноска.
Оглас за прием на 300 професионални војници во АРМ Министерството за одбрана денеска објави оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата. Платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.
Поради големиот интерес утре две изведби на претставата „Црвенкапа“ Две изведби на детската претстава „Црвенкапа“ ќе се одиграат утре /17 јануари/ во малата сала на Центарот за култура во Куманово.
Нападнат адвокат во Куманово Кумановски адвокат вчера попладне пријавил во полицијата дека бил физички нападнат во неговата канцеларија.
Куманово меѓу општините со најмалку вакцинирани деца Куманово, заедно со Струмица, има најмал процент на вакцинирани деца во државата. Опфатот на вакцинација против морбили (мали сипаници) изнесува само 40 %, а за сите останати вакцини процентот е над 70%.
Бензините поевтинуваат, поскапуваат дизелот и нафтата за домаќинства Од вечерва по полноќ за половина денар по литар поевтинуваат бензините, додека дизел горивото ќе поскапи за 1 денар, а нафтата за домаќинствата поскапува за 1,5 денари за литар. Поскапува и мазутот.
Кумановец агресивно се однесувал во угостителски објект, носел и пиштол Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска лишиле од слобода 40-годишен кумановец.
Фирми од кумановско и липковскo со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ Управата за јавни приходи (УЈП) спречила осум фирми од нафтениот бизнис да остварат поврат на ДДВ од 2,6 милиони евра со изигрување на законите.
Почна пријавувањето за фаќање на светиот крст на Богојавление во Куманово и Старо Нагоричане Верници кои сакаат да скокаат по светиот крст можат да се пријават во црквите во Куманово и Старо Нагоричане, но нема да бидат вратени да учествуваат ни оние кои ќе дојдат на самиот ден во петок.