Нема да се покачи партиципацијата на државните факултети, тврдат надлежните Нема да има покачување на партиципацијата на државните факултети за додипломски, постидпломски и докторски студии, тврдат од Министерството за образование и наука, откако во дел од медиумите беше пренесена информацијата на Студентски отпор, каде се споменуваше двојно поголема сума од досегашната.
Уапсен кумановец осомничен за палење на куќата на неговиот татко Кумановец е приведен во полицијата под сомнение дека предизвилак пожар во куќата на татко му.
Над 130 ученици се испишале од кумановските училишта во првото полугодие, заминале со родителите во странство Кумановските основни и средни училишта во второто полугодие останаа без 131 ученик во однос на запишаните на почетокот на годината, бидејќи се иселиле од градот.
Од полноќ поскапуваат горивата за денар и половина Од вечерва по полноќ за денар и половина поскапуваат цените на ЕУРОСУПЕР БС – 95, ЕУРОСУПЕР БС – 98, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), како и на Екстра лесното масло за горење(ЕЛ-1).
Освен шуга, Куманово со мал број на други акутни заразни заболувања Со исклучок на шугата каде со 13 случаи го зазема неславното второ место, веднаш зад Скопје со 14 заболени, Североисточниот регион се наоѓа на релативно ниско ниво во однос на останатите акутни заразни заболувања, регистрирани во државата во декември 2023 години.
Рибарското друштво „МАК-ДАМ“ утре организира крводарителска акција Во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово утре, вторник, од 10 до 17 часот ќе се одржи крводарителска акција организирана од рибарското друштво „Мак-Дам“.
Продолжуваат измамите со огревно дрво, овојпат жртва 64-годишна жена Шеесет и четиригодишна жена од Куманово вчера околу пладне пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари.
Србите во Куманово со академија го одбележаа националниот празник „Свети Сава“ Министрите во српската влада Никола Селаковиќ и Ѓорѓе Миличевиќ, беа дел од гостите на синоќешната Светосавска академија во Куманово, по повод прославата на националниот ден на Србите „Св. Сава“. На дешената прослава во Скопје се очекува да присуствува и претседателот Александар Вучиќ.
Изгоре автомобил во Крива Паланка На улица „Баглачка“ во Крива Паланка вчера околу 17 часот настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на М.С.(56) од Крива Паланка.
„Уметност преку волонтирање“ - ораторска вечер во организација на Црвен крст Куманово Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во среда со почеток во 19 часот ќе се одржи ораторска вечер во организација на општинската организација на Црвен крст Куманово.
Дејан Младеновски е нов директор на училиштето „Толи Зордумис“ во Куманово Дејан Младеновски е избран за нов директор на основното училиште „Толи Зордумис“ од Куманово и ќе ја извршува функцијата во наредните четири години.
Без струја делови од градот и неколку населби Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во одредени делови во Куманово и неколку населби.
Зголемен број на заболени од грип во кумановскиот регион Последнава недела се регистрирани 104 случаи на грип и респираторни заболувања слични на него во Куманово, Липково и Старо Нагоричане, соопштуваат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Светосавска академија во Занаетчискиот дом во Куманово Во Занаетчискиот дом во Куманово утре /петок/ со почеток во19 часот ќе се одржи Светосавска академија, по повод „Свети Сава“ националниот празник на Србите во Македонија.
Oбезбедени близу 200.000 евра за реконструкција на училиштето во Агино Село Министерството за образование и наука обезбеди 11.572.940,00 денари за реконструкција на подрачното основно училиште „Кирил и Методиј“ во кумановско Агино село.
Исплатена е финансиската помош за ранливите групи на граѓани за јануари Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните дека финансиската поддршка за месец јануари согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена.