Пред 69 години во голем пожар изгоре дел од ОУ „Крсте Мисирков“, оттогаш народот ja вика „Изгорена школа“ На денешен ден, 28 декември 2023 година се навршуваат 69 години од избувнувањето на големиот пожар кој го зафати училиштето „Крсте Мисирков“ во Куманово.
Исплатена финансиската поддршка за ранливите категории на граѓани Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Арсиќ со новогодишна честитка до граѓаните на Куманово Претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Александар Арсиќ, денеска упати честитка до граѓаните на Куманово, по повод Новогодишните празници.
Свесноста - најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци Заштитата на личните податоци е човеково право и секоја држава е соочена со предизвикот да им ја обезбеди приватноста на своите граѓани.
Советниците го изгласаа буџетот на Општина Куманово за 2024 година Со 25 гласа „за“, едногласно беше донесен буџетот на Општина Куманово за 2024 година, вреден 2 милијарди и 169 милиони денари, најголем во изминатите 30 години.
Гарантирана цена на дел од прехрамбените производи останува и во јануари Мерката „гарантирани цени“ за дел од прехрамбените производи, безалкохолните пијалоци и пивото останува да важи до 31 јануари 2024 година. Одлуката е донесена на владина седница на барање на Министерството за економија.
Митко Бојмацалиев кандидат за дополнителен заменик-министер во МВР во техничката влада Кумановецот Митко Бојмацалиев, шеф на кабинет на министерот Оливер Спасовски, е кандидат за дополнителен заменик-министер на МВР во техничката влада.
Дедо Мраз и „Дружината на Снешко Белчо“ во петок во Занaетчискиот дом во Куманово Во Занаетчискиот дом во Куманово во петок напладне ќе пристигне Дедо Мраз, а ќе се одигра и детска претстава „Дружината на Снешко Белчо“, во организација на Фондацијата за култура и спорт.
Нема успешни локални политики без вклучување и учество на граѓаните Граѓаните многу малку или воопшто не се вклучени во креирањето политики на локално ниво.
Бесплатниот градски превоз ќе продолжи до крајот на јуни, општината ќе ја чини уште 500.000 евра Бесплатниот јавен превоз во Куманово ќе продолжи и во наредните 6 месеци, поточно до крајот на јуни 2024 година. Од општинскиот буџет за таа намена ќе бидат исплатени 30 милиони денари или 500 илјади евра.
ИПА регион Куманово донираше пакетчиња за корисниците на Дневниот центар за лица со посебни потреби Новогодишни пакетчиња за корисниците на Дневен центар за лица со посебни потреби донираa челнови на ИПА регион Куманово, во соработка со општинскиот Црвен крст. Хуманитарната акција, претставува прва официјална активност на Комисија за млади, спорт и култура на ИПА Регион Куманово.
БЕЗ КОНТАКТ: Катни гараже (видео) Во новиот видео формат „Без контакт“, стенд-ап комичарот Мирослав Петковиќ, алиас „Чика Брко“, ќе не потсети на предизборните ветувања, кои се всушност еден вид дезинформации што ни ги пласираат политичарите во предизборната еуфорија. Катните гаражи во Куманово кои беа најавувани како најдобро решение со кое ќе се зголеми капацитетот на паркинг места и ќе се намали сообраќајниот хаос во градот, се тема на денешната епизода во видеото кое можете да го погледнете во прилог.
Коњот Пикасо и магаренцето Марга - главна атракција на новогодишниот базар во Крива Паланка (видео) Коњот Пикасо и магаренцето Марга се главна атракција на новогодишниот базар на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
Прегазен пешак на крстосницата на „11 Октомври“ и „Србо Томовиќ“ Повозрасен кумановец вчера поплaдне е повреден на на крстосница од ул.„11 Октомври“ и ул.„Србо Томовиќ“, кога во него удрил автомобил.
Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво Средени улици, редовно водоснабдување, тротоари без возила. Населени места без улични кучиња и со осветлени улици. Повеќе градско зеленило, пешачки и велосипедски патеки, доволно паркинзи, а помалку расфрлeн отпад и преполни контејнери.
Коледарите ги започнаа подготовките за Бадник, набраа дабови гранчиња во Колитско Здружението на граѓани „Коледари“ од Куманово ги започнаа подготовките за прославата на Бадник.