Во Куманово викендов казнети 216 возачи, 152 за брзо возење Полициски службеници од Куманово во текот на изминатиот викенд спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
Драгица Спасиќ нова директорка на ОУ „11 Октомври“ Драгица Спасиќ е изберена за директорка во Општинското основно училиште „11 Октомври“ во Куманово.
Препукување Димитриевски - Груби: Kој барал помош од Будимпешта? Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и вицепремиерот за политички систем и однос меѓу заедниците Артан Груби, два дена се обвинуваат во медиумите и на социјалните мрежи, кој побарал поддршката од Будимпешта, за измена на закон и за локалните избори.
Кумановец со нож нападнал сограѓанин, но се повредил и самиот – двајцата се во болница Полицијата го приведе А.Д.(38) од Куманово, откако завчера пред маркет во населба „Бабин Дол“ во Куманово, по претходна расправија, физички го нападнал И.П., при што употребил остар предмет, а притоа и самиот се повредил.
Постои ли Стокхолмски синдром кај жртвите на семeјно насилство? Во 1974 година во Стокхолм, при организран грабеж на банката Сверџис Кредитбанк (Sveriges Kreditbank), шест дена банкарските службеници биле заложници на ограбувачите.
Заедно да се движиме кон ЕУ, но не по цена која не можеме да ја платиме, порача Димитриевски на Денот на независноста во Куманово Пред бистата на „Жена борец“ на Градскиот плоштад во Куманово, денеска свечено се одбележа „8-ми Септември“ - Денот на независноста на Македонија.
Нема ништо посилно од волјата на народот кога е исправен пред историска одлука, Спасовски со честитка за 8 Септември Министертот за внатрешни работи Оливер Спасовски на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, и им посака благосостојба и просперитет во годините што доаѓаат.
Претреси во Слупчане, пронајдени повеќе парчиња оружје, муниција... Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, денеска извршија претрес во дом и други простории кај 49-годишен жител на с. Слупчане, општина Липково.
Заврши реконструцијата на кровот на училиштата „Крсте“ и „Браќа“, останува уште да се средат таваните Заврши реконструкцијата на кровот на зградата на основните училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“. Останува уште да се средат таваните, по што вториот кат од училиштето ќе се стави во функција. Реконструкцијата започна во втората половина на мај, градежните работи треба да завршат за 10 месеци.
Загина тракторист во кратовско село Шеесет и осумгодишен тракторист загинал вчера во кратовско село, откако му се превртел тракторот кој го управувал.
Бесплатен влез во Кумановскиот музеј за 8 Септември По повод Денот на независноста - 8 Септември, граѓаните на Куманово ќе можат утре бесплатно да ги посетат поставката во Музеј Куманово, Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и Мегалитската опсерваторија во Кокино.
Распишан конкурс за избор на сувенир на Куманово за 2023 година Општина Куманово објави конкурс за избор на сувенир на градот за 2023 година, врз основа на Програма за локален економски развој.
Училиштето во Агино село може да се реконструира најрано напролет, кажал министерот Шакири, децата почнаа со настава Реконструкцијата на руинираното училиште во Агино село може да започне најрано во март, кажал министерот за образование Јетон Шаќири на средбата со родителите и претставниците од Општина Куманово.
Прскање против возраснa форма на комарци Општина Куманово ќе врши редовна дезинсекција на возрасни форми на комарци.
Денеска два часа без струја дел од централното градско подрачје на Куманово Поради планирани интервенции на електричната мрежа денеска два часа без електрична енергија ќе остане дел од градот околу паркот во Соколана, како и во центарот на градот.
Пожар во Ваксинце, огнот се движи кон складот на Макпетрол Попладнево во 18.30 часот по трет пат се разгори пожарот во селото Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело. Таму се наоѓаат резервоарите за гориво на Макпетрол.