Реконструкција на Пионерскиот дом ќе биде приоритет во 2024, ќе се користи за потребите на лицата со попреченост, велат од МТСП Министерството за труд и социјална политика (МТСП) планира во 2024 година да ја реконструира зградата на поранешниот Дом на пионери во Куманово и да ја пренамени за социјална заштита на лицата со попреченост. Веќе е извршен увид на терен и се очекува да се пристапи кон реализација на планираното.
Отворен саем на грејни тела во Куманово и Скопје Годинава за прв пат во Куманово и во Скопје има отворен саем на грејни тела по одлични саемски цени за сечија потреба и вкус.
Неподвижниот Сефедин пренесен во болница, го доби и првиот документ Сефедин К. (56) од Куманово, човекот кој повеќе од четири дена лежеше неподвижен пред својата распадната куќа, денеска напладне е пренесен на лекување во Кумановската болница.
Во Кумановскиот суд недостасуваат судии, информатичари, архивари, дактилографи Во Основен суд Куманово недостасуваат 14 судии, бидејќи по систематизација потребни се 34. Истовремено, недостасуваат и информатичари, архивари и дактилографи, додека административните службеници се во доволен број и ги покриваат потребите на судот.
Изложба „El Verdugado“ на модниот креатор Давид Стојановски во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утре во 19.30 часот ќе се одржи изложбата „El Verdugado“ на модниот креатор м-р Давид Стојановски. Станува збор за модна инсталација која ја претставува историјата на костимот.
Краста и околните села денеска и утре без струја Прекини во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во близина на м.в. Краста.
Неподвижен и болен кумановец лежи на отворено на дожд, нeма кој да го згрижи На само стотина метри од Кумановската болница, во дворот на неговата распадната куќа неподвижен на земја со денови лежи педесет и шестогодишниот Сефедин К. од Куманово.
Шанса за Центар мапираше 700 јавни објекти загадувачи низ земјата, околу 25 во Куманово Граѓанската иницијатива Шанса за Центар мапираше 700 јавни објекти низ цела Македонија - болници, градинки, училишта, касарни, судови... и други установи кои користат нафта и мазут. Во Скопје се мапирани над 100 јавни објекти, а во Куманово околу 25 јавни загадувачи.
Во Куманово обезбедени 2.000 вакцини против сезонски грип, почна бесплатната вакцинација Во просториите на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска почна вакцинацијата против сезонски грип. За бесплатна вакцинација се обезбедени се 2 илјади дози четиритипни вакцини , а за комерцијална вакцинација 200 вакцини.
Онлајн медиумите и интернетот се главен извор за информирање на граѓаните, покажа Еврометар 2023 Граѓаните за политички теми најчесто се информираат преку интернет – 56 проценти, од кои 90,3 проценти до информациите доаѓаат преку социјалните мрежи, а 28,2 отсто директно од онлајн портал – медиумите, покажуваат резултатите од анкетата Еврометар 2023.
Поскапуваат горивата, дизелот ќе чини 84 денари Од вечерва по полноќ бензините поскапуваат за 1,5 денари за литар, а дизел горивото поскапува за 2 денари.
Повторно е уништена урбаната опрема на градскиот кеј во Куманово Уништени се дел од клупите и кантите за собирање на смет на кејот на реката Кумановка. Вандализмот е направен во текот на ноќта, а утринава било пријавени кај надлежните.
Приведена кумановка која украла пари и предмети од две куќи Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 13.15 часот ја привеле М.З. (25) од Куманово, поради основи на сомнение дека истиот ден влегла во две куќи во Куманово и одзела предмети и пари.
Концерт на солисти од НОБ во Центарот за култура во Куманово Во фоајето на Центарот за култура во Куманово утревечер во 19.30 часот ќе се одржи концерт на солисти од Националната опера и балет (НОБ), насловен како „Подарок за градот Куманово“.
Превезувал огревно дрво без документација, полицијата го привела Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки на патниот правец Скопје – Куманово, вчера во 9.45 часот, кај наплатна станица Романовце, го лишиле од слобода Ј.С.(26) од с. Гошинце, општина Липково.
На Зебрњак се одбележуваат 111 години од Кумановска битка Денеска во 12 часот нa спомен костурницата Зебрњак ќе започне прославата по повод 111 години од Кумановската битка. Настанот е во организација на Владата на Србија, Српската амбасада и Српската заедница во Македонија.