Голманот Столе Димитриевски доби мурал во родното Куманово Мурал на голманот на македонската фудбалска репрезнентација Столе Димитриевски нацртаa уметниците од Здружението за ликовна уметност „Форма“ во неговиот роден град Куманово, во знак на историските успеси што ги донесе на македонскиот фудбал и фановите.
Казнети 83 возачи, 59 за брзо возење, 24 под дејство на алкохол Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со засилените акциски контроли и санкционирање на возачите што не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Кумановската болница од денеска ќе се грее на гас, гасификацијата чинеше 300 илјади евра што ги обезбеди Министерството за здравство Општата болница во Куманово од денеска ќе се грее не гас, откако е инсталиран нов систем за грење за кој Министерството за здравство обезбеди 300 илјади евра. Предходно болницата се затоплуваше на мазут и нафта, па беше посочувана како еден од најголемите загадувачи во Куманово.
Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија одлучи да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22% во однос на одлуката од пред три дена.
Изгоре куќа во Режановце, сопственикот префрлен на скопските клиники Во голем пожар изгоре куќа во кумановското село Режановце.
Караванот за вакцинација денеска во Куманово, утре во Липково На градскиот плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против ковид, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.
Мигранти се криеле во напуштените објекти на свињарската фарма во Речица Во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во с.Речица, синоќа од 22.40 до 23.30 часот, полициски службеници пронашле 23 лица мигранти од Пакистан.
Изгореа 20 хектари борова шума во Стрезовце Во голем шумски пожар вчера изгореле околу 20 хекрати борова шума во кумановското село Стрезовце. Пожарот избувнал околу 13 часот, а целосно е изгаснат утринава околу 7 часот.
Еден починат и 12 новозаболени од ковид-19 во Куманово Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.246 тестови, а регистрирани се 322 нови случаи на ковид-19.
СДСМ избра претседатели во помалите општини во регионот, се мисли уште за Куманово СДСМ избра пет од вкупно шест претседатели на општинските организации во Североисточниот регион. Претседатели се изберени во ограноците во Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Кратово и Липково, а останува да се одлучи кој ќе ја води регионалната општинската организација во Куманово.
Тепачка во угостителски објект во Куманово Тројца мажи ноќеска во 3 часот по полноќ се степале во угостителски објект во населбата „Перо Чичо“.
Левица бара од надлежните да го решат проблемот со дивите паркинзи во Куманово Проблемот со паркирањето во Куманово станува се поактуелeн, а локалната власт со неизнаоѓањето на трајно решение станува соучесник во неговото креирање, велат од Локалниот огранок на Левица Куманово.
Уапсено лице од Липково барано со потерница Полициски службеници од СВР Куманово, вчера, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода М.С.(35) од село Гошинце, липковско, со живеалиште во село Арачиново.
Зголемен број на пожари во Кумановско, намерно се палат сува трева и шума За само една недела на подрачјето на Кумановско се регистрирани 18 пожари од страна на ТППЕ Куманово. Зголемениот број на пожари е невообичаен за овој временски период, а пожарникарите сметаат дека опожарувањата се резултат на човечки фактор и намерно палење на површините.
Изградбата на смарт паркот ќе чини 180 илјади евра, парите ги обезбеди Министерството за локална самоуправа Од минатата недела интензивно се работи на проектот „Изградба на смарт парк - Градски парк Куманово“, кој го имплементира Центарот за развој на Североисточниот плански регион. Вредноста на целата инвестиција е од 11,2 милиони денари, а парите ги обезбеди Биротот за регионален развој и Министерството за локална самоуправа од програмата за рамномерен регионален развој за 2021/2022 година.
Изгоре камион на „Биљановска“ Во СВР Куманово било пријавено дека вчера попладне на ул.„Биљановска“ во Куманово настанал пожар во товарно моторно возило „там“ без регистарски ознаки, сопственост на М.В. од Куманово.