Мени

Бензините поскапи за еден, дизелот за половина денар

Бензините поскапи за еден, дизелот за половина денар

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ ќе биде повисока за еден денар по литар, а дизел горивата ќе бидат поскапи за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Локалните музеи бараат рамноправен третман со националните музејски установи (видео)

Локалните музеи бараат рамноправен третман со националните музејски установи (видео)

Локалните музеи се главниот репрезент на културата, традицијата и историјата на локалната заедница. Тие го заштитуваат, чуваат и презентираат културното наследство. Како собирачи и чувари на локалните вредности од нив потекнува јадрото на кое се темели целокупното национално културно- историското богатство на државата.

Затворени 4 угостителски објекти во Куманово, примале гости без ковид сертификат

Затворени 4 угостителски објекти во Куманово, примале гости без ковид сертификат

Четири угостителски објекти се затворени, а 13 се казнети во текот на викендот од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, во акциската контрола во дваесетина угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

Отворена сензорна соба во основното училиште „11 Октомври“ во Куманово

Отворена сензорна соба во основното училиште „11 Октомври“ во Куманово

Аудитивни, визуелни и тактилни реквизити се дел од опремата во сензорната соба на ОУ „11 Октомври“ во Куманово, во која од денес, стручната служба и специјалниот едукатор и рехабилитатор ќе може да работат на индивидуални третмани со учениците со образовни потешкотии.

Продолжува уништувањето на црквата во Матејче, арамиите ги доизвадиле оловните плочи од кровот

Продолжува уништувањето на црквата во Матејче, арамиите ги доизвадиле оловните плочи од кровот

Нема кој да ја заштити црквата „Успение на Пресвета Богоридица“ во манастирскиот комплекс Матејче во Општина Липково, па продолжува нејзиното уништување. Иако уште пред еден месец беше пријавено дека крадци го вадат оловото од кровот, ни црквата ни државата не преземаа ништо да го обезбедат објектот, па арамиите се вратиле да ја довршат работата и да го украдат она што останало. 

Казнети 83 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Казнети 83 возачи за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. При тоа се санкционирани 83 возачи. 

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари

Владата ја продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи, како што се: леб, шеќер, брашно-тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и 3,5 отсто, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда, ориз, јајца и тестенини.