Мени

Петрушевски ги повика граѓаните да гласаат за Михајловски:Куманово повеќе да не биде бастион на ниту една партија

Петрушевски ги повика граѓаните да гласаат за Михајловски:Куманово повеќе да не биде бастион на ниту една партија

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски, денеска ги повика граѓаните во недела да го искористат своето уставно право и со својот глас да одлучат во какво Куманово сакаат да живеат.

Вкупно 75% од новозаразените  и 79% од хоспитализираните од ковид-19  се невакцинирани

Вкупно 75% од новозаразените  и 79% од хоспитализираните од ковид-19  се невакцинирани

Во период од 06.08 до 14.10.2021 година, на територија на државата 40.208 граѓанин се позитивни на ковид-19. Од нив 25% биле целосно вакцинирани, односно 10.066 лица, а голем е бројот на невакцинирани граѓани, кои се заразиле со ковид-19, објави Министерството за здравство.

Со граѓанска трибина во Куманово вечерва завршува централниот караван на СДСМ 

Со граѓанска трибина во Куманово вечерва завршува централниот караван на СДСМ 

Вечерва на Градскиот плоштад, со почеток во 20,00 часот,  ќе се одржи граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ Оливер Илиевски и на кандидатите за советници на Општина Куманово, со што завршува предизборната кампања и централниот караван „Најдоброто за мојата општина“на владејачката партија. 

Земјиштето е приватно, го купив кога работев во Ирак и кога не се занимавав со политика, тврди Димитриевски

Земјиштето е приватно, го купив кога работев во Ирак и кога не се занимавав со политика, тврди Димитриевски

Максим Димитриевски ги нарече лажни обвинувањата на кандидатот за градоначалник на СДСМ, Оливер Илиевски и пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска, дека купил државно земјиште од 10.000 метри квадратни додека бил градоначалник на Куманово. Тој тврди дека земјиштето го купил од приватен сопственик и тогаш не бил на функциите претседател на Совет, ниту градоначалник.

Димитриевски купил 10.000 квадрати државно земјиште додека бил градоначалник, вели Тасевска

Димитриевски купил 10.000 квадрати државно земјиште додека бил градоначалник, вели Тасевска

Максим Димитриевски, кандидатот за градоначалник на Куманово, додека ја извршува функцијата градоначалник се стекнал со илјадници квадратни метри државно земјиште. Општина Куманово извршила продажба на над 26 хектари атрактивно државно неизградено земјиште на локацијата „Живкова карпа“. Документи од катастарот за недвижнини покажуваат дека Максим Димитриевски купил 9.961 метар квадратен во местото Црвенки државно неизградено земјиште, изјави на прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Николовски најави проект за продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“

Николовски најави проект за продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“

Актуелната локална власт предводена од СДСМ позади себе остава многу нерешени проблеми, кои ги мачат граѓаните на општина Куманово. Едно од најгорливите прашања е сообраќајниот хаос и недостигот од паркинг простор во центарот на градот, кажа кандидатот за советник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Николовски.

Во скринингот за ковид-19 опфатени 364 основни и 109 средни училишта

Во скринингот за ковид-19 опфатени 364 основни и 109 средни училишта

Во рамки на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од ковид- 19 во основните и средни училишта во Македонија, Министерството за здравство ќе спроведе скрининг со брзи антигенски тестови, во кој ќе бидат опфатени 8.178 ученици во рамки на 80 општини и градот Скопје.

ЛДП и ДОМ ја промовираа програмата и кандидатката за градоначалник Димитровска

ЛДП и ДОМ ја промовираа програмата и кандидатката за градоначалник Димитровска

Движењето „Одлучно за промени“ од ЛДП и ДОМ на синоќешниот митинг во Куманово ја промовираше изборната програма и кандидатката за градоначалник Теодора Димитровска и носителот на советничката листа Валентин Ефтимовски. 

Изложба на слики на Андријана Мациев во Куманово

Изложба на слики на Андријана Мациев во Куманово

Во Изложбениот салон на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов „Шарени вибрации – Разбуди се! Погледни во сонцето и насмевни се!“ од авторката Андријана Мациев.