Ќе се бориме за што повеќе кандидатки за градоначалнички и носителки на листите за советници, порачаа од Форумот на жени на СДСМ Нема еднаквост во општеството ако нема родова еднаквост, поради тоа ќе се залагаме да има што повеќе жени на листите за градоначалнички и советнички на престојните локални избори, порачаа учесничките на трибината на Форумот на жени на СДСМ, која синоќа се одржа во Куманово.
Пожар во погон за рециклирање на картони Во пожар вчера изгорел погон за рециклирање на картони во липковското село Отља.
Нема новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа се направени 1.973 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 4, Тетово – 4 и Кичево - 1.
Конкурс за именување нотар во Куманово Министерството за правда објави конкурс за именување нотар за подрачјето на Основниот суд во Куманово.
Дизелот поевтин за 2 денари, бензините поскапи за половина денар Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04%, при што бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот со намалување на акцизата сега ќе биде поевтин за 2 денари.
Упасен Пакистанец кој ограбувал и држел во заложништво мигранти во липковско Мигрант од Пакистан заедно со уште неколку свои сонародници малтретирал мигранти во липковско. Полицијата вчера го упасила насилникот.
Од утре започнува пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и реонски инструктори Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори ќе биде објавен утре, по што ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.
Средната зона на градот од ноќеска без вода - ќе се сервисира главниот вод Жителите на средната зона во градот по полноќ ќе имаат прекин во водоснабдувањето, поради редовни технички активности на мрежата.
Казни за 67 возачи - возеле пребрзо Полициски службеници од СВР Куманово, денеска од 8 до 12 часот, спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово. Притоа санкционирани се 67 возачи.
Јулските пензии повисоки за 1,2 отсто Пензионерите со јулската пензија ќе добиваат поголема пензија по основ на усогласување на пензијата со порастот на трошоците за живот, кој во првото полугодие од 2021 година (период: јануари-јуни 2021 година), во однос на второто полугодие од 2020 година (период: јули-декември) изнесува 1,2%.
Уште 1.100 стечајци ќе бидат материјално обезбедени, кажа Димитријевска Со новиот Предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци, кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година.
Приведен кумановец баран по потерница На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, лишен е од слобода Р.О.(32) од Куманово.
Пензионерите со ниски примања да се пријават за бесплатен превоз Пензионерите кои имаат пензија до 11 илјади денари можат да се пријават во Здружението на пензионери во Куманово, за да добијат билет за користење на бесплатен јавен градски и приградски превоз.
Отворениот градски базен се уште затворен за посетители Oтворениот градски базен во Куманово се уште не е пуштен во работа иако е средина на јули. Најпосакуваното место за бегство од летните горештини, стои затворено и ја нема намената за која е направено.
Казнети 54 возачи за пребрзо возење на територија на СВР Куманово На подрачјето на СВР Куманово вчера од 8 до 12 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа санкционирани се 54 возачи, од кои двајца возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.
Не го потценувај заморот - Вози одморен, акција на МВР и РСБСП на граничниот премин Табановце Покрај брзото возење и алкохолот, заморот е една од главните причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период. Особено критична е делницата од граничниот премин Табановце до Гевгелија и обратно, каде што секоја година се случуваат по неколку сообраќајни незгоди со тешки последици.