Приведени напаѓачите на двајца кумановци во Струга
Полициски службеници од ОВР Струга, на 23.06.2021 г., ги лишиле од
слобода Р.Р.(19) и А.Р.(38), двајцата од Струга, постапувајќи по пријава
добиена околу 19.00 часот од Медицински центар Струга, според која кај
нив со повреди биле донесени Б.Х .(34) и Д.Х.(30), двајцата од Куманово.