Илиевски најави дислокација на монтажната гаража од центарот на Куманово Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски денеска на средба со жителите од централното градско подрачје најави дека веднаш по стапувањето на градоначалничката функција ќе ја отстрани монтажна катна гаража, која актуелниот градоначалник Максим Димитриевски ја постави и покрај противењето на голем дел од граѓаните на Куманово.
Протекува кровот на училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ - нема услови за настава во поплавените училници Учениците од основните училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, посетуваат настава во други објекти, затоа што протекува кровот на училишна зграда и постои опасност вода да дојде во допир со електрична инсталација и да ја загрози нивната безбедност. Ова денеска го обелодени Атина Мургашанска од светничката листа на СДСМ, која го повика градоначалникот Максим Димитриевски итно да реагира и да го реши проблемот.
Еден починат и 40 новозаболени од коронавирус во Куманово Направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на ковид-19 .
Куманово ќе биде поубаво место да живеење, со многу паркови и зелени површини, најави Петковски Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, работи исклучиво за граѓанскиот интерес, во нашиот план предвидени се проекти кои треба да ја заштитат животната средина, а Куманово да биде поубаво место за живеење, со многу паркови, зелени површини, среќни граѓани, кажа Стефан Петковски од листата на советници.
„Одлучно за промени“ ќе засади 1000 дрвја за 1000 гласа Движењето „Одлучно за промени“ утре во селото Орашац ќе спроведе акција за пошумување, со што симболично ќе засадат 1000 дрвја колку што добија гласови во првиот круг на локалните избори. Кандидатката за градоначалничка Теодора Димитровска ги повика граѓаните да им се придружат на акцијата, а останатите кандидати да го следат нивниот пример и да дадат свој придонес во зачувување на животната средина.
Продолжува постапката против лицата кои осквернавија гроб во Куманово Основното јавно обвинителство Куманово издаде повеќе наредби за вештачења на голем број подигнати докази при извршениот увид на Градските гробишта во Куманово, каде на 10.10.2021 година три лица се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети од починато лице, со намера противправно да ги присвојат.
Без вода потрошувачите на неколку улици Поради интервенции на водоводна мрежа денеска во одреден дел на денот без вода ќе останат потрошувачите на пет улици во градот.
Димитриевски си ги припишува заслугите на Владата на своја сметка, кажа Мургашанска Владата ги врати спортската сала и Соколана во владение на Општината и обезбеди средства за нејзина реконструкција, кажа носителката на листа на СДСМ и досегашна претседателка на Советот, Атина Мургашанска на денешната прес конференција.
Димитриевски најавува во следниот мандат над 800 проекти Кандидатот за градоначалник на Куманово од независната листа „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, најавува дека доколку ја добие поддршката на граѓаните ќе реализира повеќе од 800 проекти.
Уште тројца починати и 38 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 490 нови случаи на ковид-19, направени се 3.073 тестирањe.
Илиевски вети нов парк и дрворед покрај стамбениот комплекс кај „Биртекс“ Жителите од стамбениот комплекс во м.з. „Панче Пешев“ на потегот од „Жмара“ до „Мај маркет“, денеска го прашаа кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, доколку ја добие поддршката на граѓаните, дали планира да го оплемени празниот простор покрај реката Липковска, или и понатаму ќе остане запуштен и покрај барањата на граѓаните за проширување и уредување на зелените површини во овој дел на градот.
Почна реконструкцијата на кровот на спортската сала во Куманово Се реконструира кровот на спортската сала во Куманово. Средствата се обезбедени преку проект на Свероисточниот плански регион (СИПР) во висина од 320 илјади евра.
За секој квадрат нов бетон, ќе засадиме двојно повеќе зеленило, најави Илиевски Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Оливер Илиевски, на средбата со жителите од населбата „Гоце Делчев“, најави повеќе капиталните проекти кои се однесуваат на модернизирање на градското подрачје и урбанизација на секоја од населбите поединечно.
Тројца починати и 50 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 487 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.491 тестирањe.
Внатрешна контрола на МВР ќе го расветлува случајот по обвинувањата на Димитриевски МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, велат од Министерството за внатрешни работи за случајот со кумановскиот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски.
Димитриевски се жали дека МВР го следи и му врши тортура Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, обвини дека денеска бил следен од возило на МВР, по што без причина бил запрен и испратен на технички преглед на возилото. Тој се жали и на непрофесионален однос од полициските службеници.