Велосипедски патеки на една коловозна лента на „Трета МУБ“ и „Октомвриска“, предвидува Планот за урбана мобилност Една коловозна лента на најголемите сообраќајници да се користи како велосипедска патека, предвидува Планот за одржлива и урбана мобилност, кој е нов концепт за урбанистичко планирање на Куманово.
Советниците бараат нови паркинг места и воведување на зоната Б во градот Советниците од позицијата и опозицијата на последната седница побараа од Општината и ЈП „Куманово-паркинг“ да ги зголемат паркинг местата во градот и да ја прошират Б зоната, којашто со години наназад се најавува.
Уште еден починат од коронавирус, 34 новозаболени во Куманово Еден починат, 34 новозаболени и 27 оздравени од ковид-19, се регистрирани во денешниот извештај за Куманово.
Пронајдено оружје во импровизирана работилница во Куманово Едно лице е приведено затоа што во неговиот дом е пронајдена импровизирана работилница за оружје.
Кризниот штаб бара младите и угостителите да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 Општински штаб за заштита и спасување, бара од младите и сопствениците на угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 за да се спречи ширењето на вирусот.
Казнети 67 кумановци - не носеле заштитни маски Шеесет и седум кумановци ќе се соочат со парични казни затоа што не носеле заштитни маски на јавно место.
Снегот остави без струја повеќе Козјачки села Снегот кој од вчера ја зафати државата предизвика проблеми во напојувањето со електрична енергија во општина Старо Нагоричане.
Еден починат, 30 новозаболени и 26 оздравени од корoнавирус во Куманово Во Центрот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се нови 30 случаи на ковид-19, оздравени се 26 пациенти, а едно лице ја загубило битката со коронавирусот.
Во Куманово улиците проодни, селските патишта се чистат Во Кумановско сите магистрални, регионални, локални патишта и улици се проодни, но сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови.
МВР со детали за несреќата во Матејче: Повредените на возраст од 27 до 44 години З.С.(27), В.И. (31), С.С.(34), Н.Н.(31), Б.Ш.(36) и М.Н.(44), се лицата кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект во с.Матејче.
Во Куманово 15 сантиметри снег, минималната темпeратура 0 степени Во текот на иминатите 24 час во Куманово навеа 15 сантиметри снег, водениот талог е 25 литри на метар квадратен, а минималната температура изнесувала 0 степени Целзиусови.
Шест лица повредени при експлозија на плинска боца во викендичка во Матејче Шест лица се потешко повредени од експлозија на плинската боца во викендица во селото Матејче во општина Липково.
Во Куманово 27 новозаболени и 21 оздравен од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 642 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.730 тестирања.
Прекината семејна веселба во Куманово Bо СВР Куманово, денеска во 11.20 часот било пријавено дека во семејна куќа во Куманово се одржувала семејна веселба, односно не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.
Двајца разбојници одзеле паричник на повозрасна жена Во СВР Куманово, К.П.(79) пријавила дека околу 18.10 часот на улица „Јоско Илиевски“ во Куманово две лица и го одзеле паричникот.
Нови 52 случаи, еден починат и 32 оздравени од ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 999 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.566 тестирања.