Од денеска со сертификат за вакцина за влез во угостителски објекти и на настани Од денеска во угостителски објекти низ земјава ќе може да се влезе и со сертификат за примена вакцина против ковид-19 и со потврда за прележан ковид.
Актерот Тони Михајловски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово Актерот Тони Михајловски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово, дознаваме од високи партиски извори, откако на седница на Централниот комитет биле потврдени дел од имињата на кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.
Еден починат од ковид-19, уште 53 новозаболени во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 805 нови случаи на ковид-19, а направени се 6.980 тестирањa.
RiverSoft отвара премиум салон во Куманово Компанијата RiverSoft отвара премиум салон за бела техника и компјутерска технологија во Куманово. Салонот ќе биде на површина од 1000 метри квадратни, а граѓаните можат да купат на едно место: бела техника, телевизори, мали апарати за домаќинство, клима уреди, смарт телефони, компјутери, компјутерска галантерија и др.
Над 600 полицајци ангажирани во последното деноноќие за гаснење и превенирање на пожарите МВР ангажираше 641 полициски службеник, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, во изминатото деноноќие заради активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија.
Кумановец повреден во тепачка во угостителски објект во Проевце Едно лице се здобило со тешка телесна повреда во тепачка во угостителски објект во селото Проевце.
Наредниот викенд ќе се одржи Меѓународниот фолклорен фестивал „Куманово“ Финишираат подготовките за Вториот меѓународен фолклорен фестивал „Куманово“, кој ќе се оддржи наредниот викенд на 20, 21 и 22 август пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. На манифестацијата ќе учествуваат околу 500 фолклористи од пет странски ансамбли од Грузија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија, како и шест од нашата земја, два од Скопје, Битола, Гевгелија, Вевчани и домаќините од Куманово.
Еден починат и 59 нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 792 нови случаи на ковид-19, а направени се 9.270 тестирањa.
Приведени шестмина кумановци - предизвикале пожар во дебарско Шест лица од Куманово се приведени во полиција, затоа што со уште две лица од Албанија, предизвикале пожар во дебарско.
Додека го чистел службениот пиштол повредил гостинка од Америка Жена се здобила со повреди по телото, откако нејзин роднина ненамерно испукал еден куршум додека го чистел оружјето.
Уште 43 новозаболени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа направени се 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.
Скејт парк и кино најмногу им недостасуваат на младите кумановци (видео) Места за адреналински спортови и за културни настани, како и паркови за прошетки и рекреација најмногу им недостасуваат на младите кумановчани, како ресурси што би влијаеле на подобрување на квалитетот на живот и збогатување на понудата за младите од оваа општина. Тие велат дека многу малку се вклучени во креирањето на програмите за млади и бараат да бидат консултирани при носењето на одлуки за развој на младински политики за да придонесат за позитивни промени во заедницата.
Заврши реконструкцијата на поранешниот хотел „Солун“ во Куманово Објектот во којашто се наоѓал некогашниот хотел „Солун“ на ул. Иво Лола Рибар, а е дел од културното наследство на Општина Куманово целосно е реновиран и ќе добие нова функција. Тој во иднина ќе се користи како место на кое граѓаните и туристите ќе имаат можност да се информираат за туристичкиот потенцијал на општината.
Кога завршува една пандемија? Веќе година ипол трае непредвидената и катастрофална ситуација, која од корен го смени начинот на нашето секојдневно функционирање. Заборавивме како изгледа допирот на оние кои најмногу ни значат, сите планови стојат на стаклени нози исвесни сме дека единственото нешто што е сигурно е неизвесноста. Нештата можат да се променат во секунда, слободата ни стои под знак прашалник, па единственото прашање кое би ги решило сите наши дилеми одеднаш е „Кога сето ова ќе заврши?“
Во Куманово 34 новозаболени и петмина оздравени од коронавирус Во последните 24 часа направени 5.390 тестирање, а регистрирани се 639 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 218, Тетово – 113, Гостивар – 99, Струмица – 37, Куманово – 34, Кичево – 32, Битола – 17, Струга – 16, Дебар – 9, Велес и Охрид – по 8, Прилеп ,Кавадарци и Берово – по 6, Штип ,Ресен и Македонски Брод – по 5, Валандово – 4, Кочани – 3, Радовиш и Делчево – по 2, Неготино,Крива Паланка , Виница и Демир Капија – по 1.
Две лица повредени во сообраќајка кај Драгоманце Две лица се повредени во сообраќајна незгода на регионалниот пат Старо Нагоричане - Граничен премин „Пелинце“ во селото Драгоманце.