Ивана Младеновска нов портпарол на СВР Куманово Ивана Младеновска, дипломиран новинар, назначена е за нов портпарол на СВР Куманово.
Препреки на патот и тротоари бараат жителите на населбата Бабин Дол Сообраќајната несреќа од минатиот месец, во која 19-годишно момче на мотор од населбата Бабин Дол беше тешко повредено и се` уште е на лекување на Скопските клиники, повторно ја актуелизираше потребата за поставување на препреки на главната улица во оваа населба.
Објавен трет конкурс за реонски попишувачи, за Куманово слободни 59 места Државниот завод за статистика денеска објави трет дополнителен јавен конкурс за ангажирање на реонски попишувачи, кои ќе учествуваат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.
Состојбата со коронавирусот во Куманово е повеќе од алармантна, вели градоначалникот Димитриевски Во Куманово досега се регистрирани околу 5400 позитивни случаи, а 151 кумановец ја изгубил битката со коронавирусот. На ковид одделенијата во Кумановската болница хоспитализирани се 54 лица, уште 50 болни ги користат услуги на дневната болници. Во моментов има само 21 слободен кревет во ковид центрите.
Во Куманово еден починат и 43 нови случаи на ковид-19 Во последните 24 часа регистрирани се 1.216 позитивни случаи, a направени се 3.761 тестирања на коронавирус.
По 35 години се реконструира регионалниот пат Долно Којнаре - Табановце - Сопот Започна реконструкцијата на регионалниот пат Долно Којнаре - Табановце - Сопот во должина од 8 километри.
Ќе се постават катни гаражи зад хотел „Куманово“ и во „Серава“ Општина Куманово во годинешниот буџет има предвидено 18 милиони денари за поставување на две модуларни времени паркиралишта. Тие ќе бидат лоцирани доста фреквентни места во централното градско подрачје.
До крајот на годината „Куманово-паркинг“ ќе добие ново пајак возило Со пари од Светската банка, Општина Куманово за потребите на ЈП „Куманово-паркинг“, во септември ќе купи ново пајак возило кое ќе се користи за подигање на непрописно паркираните возила, по улиците и јавните површини во градот.
Без струја 17 села во Старо Нагоричане Поради планирани прекини на дистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дури 17 села во општина Старо Нагоричане.
Државата ќе издвои 1,5 милијарда денари за новите мерки за вработување, кажа Мургашанска Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот оваа година изнесува 1,5 милијарди денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, кажа Атина Мургашанска, претседателка на Советот на Општина Куманово, на денешната прес-конференција.
Со годишниот план „Водовод“ планира 54 нови вработувања, приоритет ќе бидат 38 работници во техничката служба Нови 54 вработувања се предвидени во годишниот план за вработување во 2021 година на ЈП „Водовод“ – Куманово.
Се изедначува таксата за приклучокот на гас во колективните згради Советот на Општина Куманово денеска ги усвои предложените измени на ЈП „Куманово – гас“, за висината, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивниот гасоводен систем.
Изложба на слики и цртежи на Љубе Алексовски во Куманово Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата „Големата мајка“ од авторот Љубе Алексовски.
Во Куманово еден починат, 41 новозаболен и 17 оздравени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 999 нови случаи, a направени се 3.627 тестирања.
Обид за грабеж на менувачница на „Илинденска“ Непознато лице вчера попладне се обидело да ограби вработена во менувачница во центарот на Куманово.
На Табановце откриени мигранти во контејнер од товарен воз Вработен во Македонски железници, синоќа во 22.20 часот, пријавил дека во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција - Романија, забележал 15 лица за кои се сомневал дека се мигранти.