Оштетени 250 метри пруга од Коридорот 10, по превртување на товарниот воз во Романовце 250 метри шини од железничката пруга Скопје - Куманово, која е дел од Коридорот 10, е оштетена откако утринава товарен воз се превртел во кумановското село Романовце.
Запрена постапката на ДКСК против Димитриевски за наводна злоупотреба на средства од Програмата за развој на спортот Целосно се запира постапката којашто беше поведена против градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски од страна на Државната комисија за спречување на корупција, по доставена анонимна пријава за наводна злоупотреба на службената должност при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година, соопштуваат од Општина Куманово.
Тринаесет години Кумановоњуз Почитувани читатели, Денеска Кумановоњуз слави 13 години постоење и успешна работа. Почнавме во далечната 2008 година, во период кога на интернет просторот допрва се етаблираа нови медиуми, пред се on-line порталите, кои ја преобликуваа медиумската сцена со брз и неограничен пристап до огромен број на информации.
14 вагони од товарен воз излетале од шините кај Романовце, повредени нема, потврди МВР Товарен воз кој сообраќал на релацијата Трубарево до Куманово, утринава излетал од шините во близина на селото Романовце.
Товарен воз излета од шините кај Романовце Товарен воз утринава излета од шините на железничката пруга во близина на кумановското село Романовце. Несреќата се случила околу 9 часот.
Во Куманово еден починат, 52 новозаболени и 73 оздравени од коронавирус Во последните 24 часа регистрирани се 450 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.874 тестирања, информира Министерството за здравство.
Излетничкото место „Студена вода“ целосно уредено и подготвено за посетители Се финализира уредувањето на излетничкото место Студена вода, во населбата Доброшане. Денеска се поставуваат масичките и столчињата, по што граѓаните ќе можат да го посетат за празниците. Предходно беа поставени шест летниковци, канделабри, скари, урбана опрема, а реконструран е и пристапниот пат.
Пронајдена школска рачна бомба во Куманово Во СВР Куманово вчера е пријавено дека на улица „Борис Кидрич“ била пронајдена рачна бомба.
Советот ќе одржи седница, на дневен ред седум точки Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи педесет и петтата седница. На дневен ред се 7 точки, а ќе се расправа за кварталниот извештај на буџетот, како и префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово.
Го нападнале на улица и му одзеле пари Кумановец останал без своите пари откако на улица го нападнале три лица. Инцидентот се случил вчера попладне на бул.„Октомвриска Револуција“.
1 Мај - неработен за сите граѓани 1 Мај - Денот на трудот, кој оваа година се паѓа во сабота е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Повеќе од сигурен сум дека ќе победам на локалните избори, вели Димитриевски Градоначалникот Куманово Максим Димитриевски, вели дека повеќе од сигурен е дека ќе победи на локалните избори, затоа што граѓаните на Куманово ја препознаваат неговата работата.
Тројца починати, 6 новозаболени и 49 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 86 нови случаи на ковид-19, направени се 808 тестирања, информира Министерството за здравство.
Вицепремиерот Николовски во посета на Општина Куманово Заменик на претседателот во Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Куманово. На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски, разговарале за транспаретно работење на Општината.
Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, другите горива со исти цени Цените на нафтените деривати остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95 кој се намалува за половина денар.
Дезинсекција против крлежи во Куманово На подрачјето на Куманово утре и задутре ќе се изврши дезинсекција на крлежи на јавни површини.