Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, другите горива со исти цени Цените на нафтените деривати остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95 кој се намалува за половина денар.
Дезинсекција против крлежи во Куманово На подрачјето на Куманово утре и задутре ќе се изврши дезинсекција на крлежи на јавни површини.
Без струја потрошувачите на повеќе локации Без струја ќе останат потрошувачите на повеќе улици и населни места во Куманово.
Петок и понеделник неработни денови Велики Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека вториот ден на Велигден е неработен ден за сите македонски граѓани.
Двајца починати, 30 новозаболни и 49 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 314 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.362 тестирања, информира Министерството за здравство.
Јане Сандански се криел во тајна соба во најубавата куќа на Грк од Мелник Сандански, во својата храбра борба против Османлиите на територијата на Пиринска Македонија, наоѓал засолниште во куќата на грчката фамилија Кордопулос во Мелник од каде и самиот е родум. Денес таа е во приватна сопственост и е претворена во музеј, отворенa за посетителите. Во една од големите простории централно место зазема сликата на Сандански и неговиот цитат „Да живееш значи да се бориш, робот - за слобода, а слободниот - за совршенство“
Уапсени двајца кумановци осомничени за кражба во продажен објект Полициски службеници од СВР Куманово, ноќеска во 10 минути по полноќ, ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во продажен објект.
Денеска повеќе оздравени 69, новозаболeни 45 од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 564 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.526 тестирања, информира Министерството за здравство.
Димитриевски за 4 години нема реализирано ниеден капитален проект, обвини Божиновски Безидејност, неработење и континуирано лажење, неспособност во секоја сфера и изневерени очекувања, се заеднички именител за сите градоначалници на СДСМ, а Максим Димитриевски е тотално промашување во раководење со градот, бидејќи за 4 години не успеа да реализира ниту еден капитален проект ветен пред изборите, затоа што голем дел од мандатот го потроши во внатрепартиска битка со останатите функционери на СДСМ од Куманово, обвини на денешната прес-конференција членот на централниот комитет и организационен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски.
Приведено лице од Куманово по распишана потерница за издржување затворска казна Полициски службеници од СВР Kуманово, вчера во 20.30 часот врз основа на судска наредба, го привеле Ј.Л.(33) од Куманово за издржување казна затвор за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.
Во Куманово двајца починати на 56 и 84 години и 47 позитивни на ковид-19 Во последните 24 часа регистрирани се 489 нови случаи, а направени се 2.841 тестирања.
Димитриевски меѓу тројцата најпопуларни градоначалници во државата Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски е еден од тројцата градоначалници кои имаат најголема поддршка кај граѓаните, покажала анкетата на МЦМС „Доверба во Владата и локалните избори" што ja спровела агенцијата „М-проспект“.
Центарот за култура го одбележа Денот на книгата Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ денеска беше одбележан Денот на книгата - 23 април. По тој повод ученици од повеќе училишта читаа делови од своите омилената книга и разговараа за литературата со писателот Петар Андоновски.
Димитриевски тврди дека нема злоупотреба во распределбата на средства во Програмата за спорт Градоначалникот Максим Димитриевки ги отфрла како неосновани изнесените ставови и заклучоци на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со наводна злоупотреба на службената должност при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година.
Празнична наградна игра во бутикот „Гуд стајлинг“ во Куманово До крајот на месецот трае наградната игра во бутикот „Гуд стајлинг“ во Куманово, заради промоција на новата колекција по повод престојните празници.
ВМРО-ДПМНЕ треба да му плати 1 денар за клевета и навредa на Димитриевски ВМРО-ДПМНЕ треба да му плати отштета од еден денар на градоначалник на Куманово Максим Димитриевски, за повреда на честа и угледот, одлучи Основниот суд во Куманово.