Дива депонија се создава на Даштев рид Тракторски гуми, казанчиња од ве-це шољи, обувки, мебел, гардероба, цигли е само дел од отпадот којшто граѓаните го фрлаат на локацијата Даштев рид, под градските гробишта, во населбата „Гоце Делчев“ во Куманово.
10 нови случаи на коронавирус во Куманово, 241 во земјава Во последните 24 часа во земјава се регистрирани 241 нови случаи на ковид-19 од направени 1700 тестирања. По градови Скопје 73, Куманово 10, Штип 60, Тетово 32, Гостивар 14...
Удрил во бетонски столб додека превезувал мигранти, а потоа избегал На автопатот Куманово – Скопје, вчера во 7.50 часот, на наплатната станица Миладиновци, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од за сега непознат возач, удрило во бетонски столб на една од кабините.
Оштетени новите обрачи и мрежи на кошаркарските игралишта Уништени се новите табли на теренот за кошарка кај спортската сала, кои неодамна ги постави Општина Куманово и КК Куманово.
Нови 12 случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа се направени 1612 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови во: Скопје 59, Куманово 12, Дебар 18, Штип 17, Свети Николе 23, Гостивар 9,Тетово 6, Струга 6...
Вработен во Kатастар незаконски вршел промена на имот, ќе одговара за злоупотреба на службата Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.А.(58) од с.Режановце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
СДСМ освои 17.254 гласови, ВМРО-ДПМНЕ 13.627, излезноста 48.67 отсто во Куманово Во Општина Куманово правото на глас на парламентарните избори го искористиле 48.67 отсто од граѓаните, од вкупно 92.167 запишани во Избирачкиот список. Неважечки ливчиња имало 1.843, информираат од Општинската изборна комисија(ОИК).
Утре е последен ден за издавање на платежните картички До утре, односно 18 јули, банките треба да се издадат сите платежни картички на граѓаните.
Потрошувачката на вода зголемена од 30 до 50 отсто, од „Водовод“ апелираат за рационално трошење ЈП „Водовод“ од Куманово повторно апелира за рацонално користење на водата од градскиот водовод, бидејќи и понатаму не се почитува апелот и се користат огромни количини на вода за вадење на бавчи и миење на возила.
Поставени патокази и информативни табли за локалитетот Кокино ЛАГ АБЕР 2015 го заврши проектот за подобрување на визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино.
Денеска сончево и топло, за викенд променливо со осетен пад на температурите Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне главно во планинските подрачја ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ по 7 пратеници, ДУИ и АА по 3 во ИЕ2, потврди ДИК Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, освои 77 гласа повеќе од коaлицијата на СДСМ во втората изборна единица.
Двајца новозаболени од коронавирус во Куманово Две лица од Куманово се позитивни на коронавирус од вкупно 94 во државата, во последните 24 часа.
Куманово со шестмина пратеници во идниот парламентарен состав Според резултатите од аналитичките центри на партиите, дури шестмина пратеници од Куманово ќе седнат во пратеничката фотелја. По двајца од коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, и по еден од ДУИ и Алијансата на Албанците.
Во Старо Нагоричане, СДСМ со 146 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ Во Општина Старо Нагоричане, вчера, на деветите парламентарни избори, биле преброени 1597 гласачки ливчиња, од кои 76 биле неважечки.
Неколку улици без вода, а ќе се интервенира и на фонтаната „Четири бандери“ Поради интервенции на водоводната мрежа денеска неколку улици и локации во градот времено ќе останат без вода. Како што соопштуваат од ЈП „Водовод“ нивни екипи ќе работат на поправка на фонтана во градот и една пумпна станица.