Мургашанска: Предложивме родителите да не плаќаат градинка за време на корона кризата Родителите да бидат ослободени од плаќање на месечниот надомест за градинка во времето додека децата се дома поради кризата со коронавирус, ќе предложи коалицијата на СДСМ на наредната седница на Советот на Општина Куманово.
Училишната зграда на „Крсте Мисирков“ оплеменета со мурали и графити Со проектите „Еко - Графити Фест за поголема урбана свест“ и „На патот“, зградата на основното училиште „Крсте Мисирков“ е оплеменета со графити и мурали со мотивациони пораки, кои ги изработија локални и странски уметници.
Кризниот штаб бара држава да го субвенционира градскиот превоз по 30 денари од изминат километар Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Куманово, побара од државата да го субвенционира јавниот градски превоз со 30 денари по километар или да обезбеди гориво од стоковите резерви за превозниците, за да се надминат проблемите со кои се соочуваат поради кризата со коронавирусот.
Започна скринингот за коронавирус на вработените во кумановската градинка Центарот за јавно здравје Куманово денеска и утре ќе врши тестирање на КОВИД-19 на вработените во градинката „Ангел Шајче“. Таргетираниот скрининг се спроведува во просториите на установата, а ќе бидат опфатени 360 учителки, негувателки и помошен персонал од регионот.
Еден новозаболен од коронавирус во Куманово Нов случај на заболен од коронавирус регистриран е во Куманово.
Превезувал огревно дрво за Македонски шуми без лиценца СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без поседување лиценца.
Кумановец со секира воведувал ред по дома Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Куманово има многу висококатници, но нема хидраулична корпа за гаснење пожар Без специјално возило со хидраулична копра за гаснење пожари во висококатниците и со застарен возен парк, кумановските пожарникари го слават Денот на пожарникарството – 20 Мај.
Ако ВМРО-ДПМНЕ бега од избори, по сила на закон тие ќе бидат на 21 јуни, порача Костовски Консензус за датум за избори треба да има, но ако ДПМНЕ бега од тоа, изборите по сила на закон ќе бидат на 21 јуни, порача денеска на прес конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Полициски час од сабота во 19 до вторник во 5 часот, предложи Комисијата за заразни болести Комисијата за заразни болести на денешниот состанок предложила до Владата целосно ограничување на движењето за време на претстојниот продолжен викенд за празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј.
Двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово Денеска во Куманово регистрирани се двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус.
Штуз со две автобуски линии до Скопје и назад Компанијата Штуз од Куманово започна со меѓуградскиот превоз на релација Куманов-Скопје, но со редицуиран број на автобуси.
Повреден мотоциклист, излетал од коловозот на „Благој Илиевски Гуне“ Момче од Куманово се здобило со тешки повреди, откако вчера паднало од мотор.
Два камиони за смет набави ЈП „Чистота и зеленило“ Два камиони за собирање на смет набави ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово. Нивната вредност е 80.000 евра, обезбедени од сопствениот буџет. Станува збор за помали возила кои досега недостасувале во претпријатието.
Петар Андоновски добитник на Европската награда за литература Кумановецот Петар Андоновски, со својот роман „Страв од Варвари“, во издание на „Или-Или", е добитник на Европската награда за литература.
Меѓуопштинскиот превоз од четврток, се чекаат насоки за возниот ред Автобускиот превоз кон селата во Куманово и Општината Старо Нагоричане ќе започне во четврток, најавуваат од компанијата „Јоцо-турс“.