15 новозаболени и двајца починати од коронавирус во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се 15 нови случаи од ковид-19, а две лица починале.
Почна исплатата на социјална помош За корисниците со дебитна картичка, од денеска, 3 јули, ќе започна исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни, а од понеделник, 6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.
Остануваат отворени границите со Србија и Косово Владата нема добиено предлог од Комисијата за заразни болести, за затворање на границите со Србија и Косово.
За само три години станавме лидер во регионот во енергетски сектор, рече Павловски Го намаливме приклучокот за електрично броило, воведовме евтина тарифа за електрична енергија, секој ден од 14 до 16 часот и во недела цел ден, ги ослободивме од плаќање на надоместок оние потрошувачи кои беа исклучени од системот на топлинска енергија. За само 3 години сликата е сосема променета, рече на денешната прес-конференција Зоран Павловски, кандидат за пратеник од СДСМ, во ИЕ2.
Вo Куманово ноќеска наврна 17 литри дожд Во изминатите 24 часа во Куманово падна најмногу дожд, дури 17 литри на метар квадратен. Потоа следуваат: Битола со 14 л/м, Крива Паланка- 10 л/м, Крушево - 6 л/м.
До 2021 година ќе издвоиме 300 милиони денари за проекти во земјоделството, најави Алексовски ВМРО-ДПМНЕ е партија која произлегува од народот, го цени и почитува трудот на секој граѓанин. Нашaта партија особено ја цени маката на земјоделецот и се обврзуваме да го вратиме изгубеното достоинство на оваа група луѓе. Земјоделците во последните три години се понижени и тоа преку намалување на субвенциите, несигурниот пласман на нивните производи и малата откупна цена, изјави Тихомир Алексовски, кандидат за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Загина вработен во каменолом - со камион паднал во ископ Вработен во каменолом со својот камион паднал во ископ и загинал на лице место. Несреќата се случила синоќа во 20.50 часот.
Продолжува ископувањето на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, кој датира од 4-3 век пр.н.е. Кумановскиот музеј започна со ископување на локалитетот Градиште во Младо Нагоричане, кој датира од 4-3 век пр.н.е., а археолозите пред неколку години открија остатоци од голем, масивен ѕид.
Директорката на Кумановската болница позитивна на коронавирус Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева е позитивна ка вирусот ковид-19. Таа информцијата ја објави на својата Фејсбук страна.
Ќе се спроведе скрининг за коронавирус на новинарите и медиумските работници Министерството за здравство на барање на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во наредните денови ќе организира бесплатен скрининг за новинари и медиумски работници за КОВИД – 19.
Девет нови случаи на ковид-19 во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистирани се 9 новозаболени од коронавирус.
Угостителите нема да плаќаат комунална такса за терасите за времето додека траеше вонредната состојба Советот на Општина Куманово, на вчерашната седница донесе одлука за ослободување на угостителските и другите правни субјекти од плаќање на комунална такса за летни бавчи и просторот пред објектите, за време на вонредната состојба.
Спасовски: Постигнувањата во Старо Нагоричане се доказ за рамномерен регионален развој Премиерот Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на Општина Старо Нагоричане. Притоа истакна дека со градоначалничката Жаклина Јовановска разговарале за тековните проекти на општината кои што се реализираат со поддршка на разните програми на Владата насочени кон развојот на локалните самоуправи.
Поддршката за младите земјоделци ја зголемивме од 10.000 на 20.000 евра, кажа Тасевска Во изминатите 3 години покажавме што значи грижа за земјоделството. Субвенциите ги зголемивме, а исплатата се одвива навремено и неселективно. За овие 3 години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, - изјави Лидија Тасевска, кандидат за пратеник на СДСМ во Втората изборна единица, на денешната прес-конференција.
Водата да не се користи за наводнување на бавчи, апелираат од Водовод Јавното претпријатие „Водовод“ во Куманово, апелира до кумановци рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со повисоки температури. Да не се користи водата од градскиот водовод за наводнување на нивите и бавчите или пак миење на дворови и возила.
Кумановец паднал од скала и починал Повозрасен кумановец вчера паднал од скала додека се поткачувал да изврши градежни работи. Несреќата се случила во 12.30 часот на ул.„Мирче Ацев“, во Куманово.