Се спасуваа давеници од Липковка Двајца давеници беа извадени од водите на реката Липковко, а уште на дваесетина лица, меѓу кои и бремени жени им беше пружена медицинска помош на брегот на реката, по нејзиното ненадејно надоаѓање, што предизвика големи поплави.
“Интернетот не e само игра. Кликај безбедно” проект на Вип и во кумановско училиште Едукативната програма за деца - “Интернетот не e само игра. Кликај безбедно...” на телекомуникациската компанија Вип продолжува и во учебната 2018/2019 година.
Изложба на слики „Female fish“ од Мирослав Величковски Во Изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, утревечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложба на слики “Female fish“ на авторот Мирослав Величковски.
Куманово европски град на спортот за 2019 Куманово ја доби титулата град на спортот за 2019 година од Европската асоцијација на градови на спортот (АCES Europe) од Брисел.
При крај изградбата на Хируршкиот ургентен центар во Куманово Хируршкиот ургентен центар во општата болница во Куманово, наскоро ќе добие комплетно нов објект, соопшти Министерството за здравство.
Изложба „ИНИТ” на Ивона Тричковска Во Уметничката галерија во Куманово, вечерва во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба “ИНИТ” на ликовниот уметник Ивона Тричковска.
Вежба за спасување од поплави ќе се одржи во Куманово Теренска симулативна вежба – поплава со повредени, давеници и повредени бремени жени, во огранизација на Општина Куманово и Регионален центар за управување со кризи, Министерство за здравство, Светска здравствена организација и Фонд за население на Обединети Нации, утре (среда) во 12 часот ќе се одржи во паркот зад Автобуската станица.
„Крсте Мисирков“ го прослави 70 годишниот јубилеј Основното училиште „Крсте Мисирков“ – Куманово го одбележа патрониот празник и 70 годишниот јубилеј. По тој повод беа организирани низа манифестации, реализирани во тек на месецот октомври и ноември.
Се судриле пасат и мерцедес, едно лице повредено Едно лице е потешко поврдено во сообраќајната несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.
Без вода шест улици во градот Поради проблеми на водоводната мрежа денеска без вода ќе останат потрошувачите на шест улици во градот.
Кумановската болница и зимава ќе се грее на мазут, нема пари да се гасифицира Ќе обезбеди ли Министерството за здравство во новиот буџет средства за гасификација на Општата болница во Куманово, се прашуваат деновиве кумановци, кои со години чекаат да се реши еден од најгорливите проблеми за пациентите и вработените во најголемата здравствена институција во регионот, кој се повторува секоја зима.
Пожар во куќа и автомобил Противпожарната единица Куманово, вчера гаснела запалена куќа и автомобил, на локации во Куманово и Липково.
Во Здружението на пензионери акција за мерење на шеќер во крвта Во просториите на Здружение на пензионери Куманово, утре ќе се спроведе акција за мерење на шеќер во крвта на лицата во трето доба.
Сообраќајот нормализиран на сите патни правци Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на места со остатоци од кашаст снег.
Сообраќајка кај Псача- сообраќајот во прекин Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, во прекин е сообраќајот во двата правци.