Кривична пријава за стечајниот управник на Монопол, ја злоупотребил службената положба
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против: З.Д.
(57) од Куманово, стечаен управник на Тутунски комбинат „Боро
Петрушевски Папучар“ за сторени кривични дела злоупотреба на службена
должност и овластување, измама, употреба на исправа со невистинита
содржина и лажно пријавување на кривично дело, како и И.С.(51) и
А.С.(39), поранешни сопственици на фирмата „Еуробени“ од липковското
село Оризаре, за сторени кривични дела измама, употреба на исправа со
невистинита содржина и даночно затајување и фалсификување на исправа.