Кривична пријава за насилство за пратеникот Димитриевски Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Д.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
СДСМ ја подржа иницијативата за законски измени за лицата со попреченост Советници и пратеници од СДСМ и коалицијата, и градоначалникот на Куманово, дадоа подршка на иницијативата за законски измени за социјалната и здравствена заштина на лицата со посебни потреби.
Изгоре дабова шума во Мокро поље Изгоре поголема површина на дабова шума, ниско стеблести растенија, сува трева и стрништа во м.в. Мокро Поље во селото Белановце, општина Липково.
Ја нападнале и ѝ го украле златниот накит Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.С.(37) од Куманово и едно непознато лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.
Над 1000 кумановци дадоа подршка на лицата со попреченост За само неколку часа над 1000 граѓани денеска дадоа подршка на иницијативата за законски измени на лицата со посебни потреби на Градскиот плоштад во Куманово.
Кумановец меѓу повредените војници на АРМ во вчерашната сообраќајка Р.Д.(30) од кумановското село Љубодраг, е еден од петмината војници на АРМ кои вчера беа повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица „Отовица“.
Промоција на книгата „Are you schizoid“ од Кирчо Арсовски Во кафе барот Агора во Куманово, утре во 20 часот, ќе се одржи промоција на книгата цртежи „Are you schizoid“ од Кирчо Арсовски, која неодамна ја објави издавачката куќа „Темплум“ од Скопје.
Порака наша собира потписи за подршка на лицата со попреченост Дневниот центар за лица со интелектуелана попреченост Порака Наша се приклучи кон иницијативата за собирање потписи за подршка на лицата со посебни потреби.
Потписи за подршка на лицата со попреченост во Куманово Граѓаните на Куманово, од денеска до петок ќе имаат можност да дадат подршка на родителите на децата со посебни потреби на Градскиот плоштад во Куманово.
Изложба “Круг и квадрат“ на Петра Јовановска и Валентина Илијевска Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во четврток во 20 часот ќе биде отворена изложбата “Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.
Кумановските земјоделци утре на протест во Скопје Земјоделците од кумановскиот регион утре ќе се приклучат на протестот пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Скопје, незадоволни поради тоа што три години не земале субвенции.
Сопственици на апартмани останале без пола милион денари Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.
Наскоро извлекување на наградите од наградната игра „За кумановци верни, награди вредни„ 3 Samsung Galaxy S7, 10 ваучери од Техномаркет и 50 пакет производи од Жито Лукс ќе добијат најсреќните кумановци во првото коло од извлекувањето на големата наградна игра „За кумановци верни, награди вредни„ на Жито Лукс која ќе се одржи на 5. мај годинава.
Ученички наградени на литературниот фестивал „Ракатки„ Ученици од основните училишта „Вук Караџиќ“ и „Магдалена Антова“ освоија трето место на републичкиот детски литературен фестивал „Ракатки 2017“, кој викендов се одржа во Радовиш.
Професор од Еуро Колеџ почесен професор на Оксфордската академија Претседателот на бордот на директори на Еуро Колеџ Ранко Цветковиќ, се здоби со висока награда и признание - почесен професор на Оксфордската академија, доделена од Оксфордската академија на професори и на Европскиот бизнис форум.
Реконструкција на две улици во централното градско подрачје Денеска започнува реконструкција на улиците „Среќко Пужаљка“ и „Чупино Брдо“, кои се наоѓаат во близина на гимназијата „Гоце Делчев“.