Намерно го удрил со кола затоа што му викал да не вози брзо Жител на населбата Јане Сандански( Бабин Дол) со кола удрил свој сограѓанин, затоа што му викал да не вози брзо, бидејќи ќе прегазел дете на улица.
Заев најави за кратко време составување на владиниот кабинет Претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако биле отстранети пречките за доделување на мандатот за состав на нова влада.
Иванов напладне ќе го даде мандатот на Заев Претседателот Ѓорге Иванов денеска во 12 часот ќе го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, соопшти Кабинетот на Иванов.
Училиштето „Перо Наков“ во Бедиње ќе добие спортска сала Поставен е камен темелник за изградба на спортска сала во средното училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански јазик, во кумановската населба Бедиње.
Изложба на инсталации на академските сликари Петрушевиќ и Толевска Во изложбениот салон на Уметничка галерија - Куманово, вечерва во 20 часот ќе биде отворена ликовна изложба “Транспарентност“, на академските сликари Владан Петрушевиќ од Куманово и Надица Толевска од Битола.
Промоција на книги од Јовица Ивановски Во фоаето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 19 часот, ќе бидат промовирани книгите „Земја на мртовци“ и „Љубовно столетие„ од Јовица Ивановски.
Се излеа река во Матејче, поплавени куќи и земјоделско земјиште Силното невреме, проследено со пороен дожд, град и грмотевици, што го зафати липковскиот регион, предизвика поплави во селото Матејче.
Невремето остави без струја делови од градот Поради дефект на електричната мрежа, без напојување со електрична енергија останаа повеќе делови на градот и околните села.
Мандатот на советниците истечен, градоначалниците со техничка функција до крајот на годината Државниот инспекторат за локална самоуправа, кој ја следи законитоста на единиците на локалната самоуправа, смета дека според Законот за локална самоуправа, мандатот на градоначалниците трае до завршување на тековната година додека на советниците е истечен на 24 март годинава.
Кумановец доби кривична пријава за силување Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.
Пороен дожд го зафати Куманово Силен дожд проследен со грмежи го зафати Куманово. Невремето започна во 13 часот, а дождот паѓаше триесетина минути со несмален интензитет.
„Христијан Карпош“ во проект со 38 училишта од светот Основното училиште „Христијан Карпош“ од населбата „Перо Чичо“ е вклучено во проектот „Ајде да зборуваме англиски“, заедно со уште 38 партнер училишта од светот.
Концерт на „Дуото Еквилибриум“ Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот концерт ќе одржи „Дуото Еквилибриум“.
Саем на книга во Градската библиотека Во библиотеката „Тане Георгиевски“ – Куманово од денеска до недела ќе се одржи мини Саем за книга во организација на Издавачката куќа „Култура “.
Од денеска градоначалниците ќе одат на работа, но нема да потпишуваат документи Градоначалниците од денеска ќе одат на работа но нема да потпишуваат документи, бидејќи на полноќ им истече мандатот.
Локалните избори во октомври? Локалните избори да се одржат во првата половина на октомври 2017 година, начелно било договорено на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери, на која присуствувале претставници на СДСМ и коалицијата, на ДУИ, на БЕСА, Алијанса за Албанците и на ДПА.