Изложба на резби во дрво од Стоје Додевски Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба на резби во дрво од Стоје Додевски.
Крводарителска акција во „Наце Буѓони“ Учениците од албанските паралелки од „Наце Буѓони“ утре ќе даруваат крв.
Пожари во Бабин Дол и Матејче Територијалната противпожарна единица Куманово, во изминатите 24 часа бележи две интервенции во населбата Бабин Дол и село Матејче.
Градоначалниците ја разгледуваа опасноста од појава на поплави Градоначалниците од североисточниот регион денеска ја разгледуваа опасноста од појава на елементарни непогоди, на состанок организиран од Центарот за управување со кризи.
Се заканил дека ќе ја запали куќата ако не му дадат пари Син се заканил дека ќе ја запали куќата на неговите родителите ако не му дадат пари.
Се реконструираат тротоарите во центарот на Куманово Се реконструираат тротоарите во централното градско подрачје во Куманово, информираат од секторот за урбанизам во општината.
Обновено: Починатиот маж е од населбата Карпош Моша Б. (54) од населбата Карпош е мажот кој што вчера беше пронајден мртов, во разурнатата зграда на поранешно стрелиште, спроти Спомен Костурницата.
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со трибина за борба против карцином Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток во 19 часот, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово ќе организира трибина на тема „Ние можеме, јас можам“.
Летово се очекува поголема посетеност на сувенирница Табановце Од Музеј Куманово велат дека засега се задоволни од посетеноста на сувенирницата Табановце, а уште поголема посетеност очекуваат летово кога ќе има и поголема фреквенција на туристи на граничниот премин.
Четириесет и осма седница на Советот за советнички прашања Советот на општина Куманово утре ќе ја одржи четириесет и осмата седница наменета за советнички прашања.
Пожари во Долно Којнаре и Речица Територијалната противпожарна единица Куманово, во изминатите 24 часа бележи две интервенции и тоа во населбата Долно Којнаре и во селото Речица.
Мртов маж пронајден на поранешното стрелиште Во разурнатата зграда на порашеното стрелиште, денеска околу 14 часот пронајдено е безживотно тело на повозрасен маж.
Погребан борецот Спирко Зафировски На градските гробишта во Куманово денеска беше погребан првоборецот Спирко Зафировски. Од Зафировски се прости Благе Јакимовски од општинскиот одбор на Сојузот на борци Куманово.
Средношколски собир „Заедно за подобро образование“ На Градскиот плоштад денеска се одржа средношколскиот собир „Заедно за подобро образование“, организиран од Средношколски пленум Куманово.
Изложени носии и сувенири во Старо Нагоричане Со изложба на носии, сувенири, украси и фотографии, синоќа заврши проектот „Преку традиционалните културни вредности на заедниците до подобар живот на граѓаните на општината Старо Нагоричане“.