×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Бесплатно впишување на имот во 4 катастарски општини во Куманово

    10.02.2017 12:08 | KumanovoNews

    Одделението за катастар на недвижности во Куманово ќе врши бесплатно запишување на правото на сопственост за катастарските општини: Рамно, Буковљане, Дренак и Мгленце.

    Бесплатно впишување на имот во 4 катастарски општини во Куманово

    „ Ги повикуваме сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата, да поднесат  барање, односно пријава, до одделението за катастар каде што се наоѓа нивната недвижност и да ја приложат целокупната документација со која располагаат за да го докажат правото на сопственост (пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови и сл.), со што Агенцијата за катастар на недвижности ќе изврши бесплатно запишување на правата на сопственост“- соопштуваат од Катастарот.

    За реализација на оваа цел, во 2014 година врз основа на Годишната програма донесена од Владата на Република Македонија, се направија измени на Законот за катастар на недвижности со кои се овозможи Kатастарот да изврши бесплатно запишување на правото на сопственост во катастарските општини каде што процентот на неутврдени права на сопственост е поголем од 20 %.

    Изминатата година, оваа мерка ја искористија околу 4000 граѓани и правни лица на кои бесплатно им се утврдило правото на сопственост, односно добиле имотен лист.