×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Изложба на слики од Лесновската колонија во Куманово

    14.02.2017 08:53 | KumanovoNews

    Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, во четврток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата на слики од 25-тата Меѓународна ликовна колонија од Пробиштип.

    Изложба на слики од Лесновската колонија во Куманово

    Организатор и координатор на колонијата е Домот на културата “Злетовски рудар“ од Пробиштип.

    Меѓународната колонија се одржа од 27.06 - 03.07. 2016 година во просториите на старото училиште во с. Лесново, а учество зедоа вкупно 16 уметника, од кои 9 домашни, 3 странски и 4 аматери. Дел од уметниците беа: НовицаТрајковски, Ѓоко Антониев, Андреј Маневски, Јулија Манојловска, Васил Гаврилов, Христина Стојчевска, Тони Величковски, Мики Иванов, Бисер Кирилов од Ќустендил, Република Бугарија, Жарко Вучковиќ од Горњи Милановац, Република Србија.

    На колонијата беа насликани 24 платна како и една скулптура од гипс а изложбата беше презентирана во Пробиштип.

    Во Куманово ќе биде поставена до 1 март годинава.