Кривична за разбојникот што украде јакна и мобилен
10.02.2017 11:52
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Пријавениот на 04.јануари годинава, околу 20,00 часот на ул. Октомвриска Револуција на Градскиот кеј, спроти спортската сала во Куманово, излегол пред Б.К.(19) од Куманово и го турнал на тревата, по што извршил разбојништво. Му ја земал јакната со мобилниот телефон Нокиа и полначот за телефон, се во вредност од 4.500 денари.