Алексовска:Мисајловски бара оправдување за доставени, а нереализирани проекти Секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски дека општината ги кочи проектите кои се во интерес на граѓаните.
„Отворени денови“ во Центарот за вработување Куманово Во Центарот за вработување Куманово денеска се одржуваат „Отворени денови“, на кои раководството од Агенцијата за вработување ќе се сретне со невработените и работодавачите.
ДРОМ се вклучува во проект за спречување на дискриминација ДРОМ заедно со Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар и Асоцијација иницијатива за социјална промена (ИнСоК) Скопје, го спроведуваат проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“.
Во Куманово ќе се гради скејт парк Во Куманово ќе се гради современ и модерн скејт парк за младите кои се занимаваат со екстремни спортови.
Бесплатни часови по латино танци во Куманово Во клубот „Сајфер“ во Куманово вечерва во 20 часот, ќе се одржи бесплатен час по латино танци.
Анкета за безбедност и здравје при работа во Куманово Во кумановски претпријатија со различни дејности, месецов ќе се спроведе анкета за безбедност и здравје при работа.
Дигитален апарат запленет на Табановце Минатата недела на граничен премин Табановце е запленет 1 дигитален фотоапарат со полнач, објектив и 1 ранец.
Земјоделците организираат посета на саем во Бугарија Здружението на земјоделски производители Куманово, месецов организира посета на меѓународен земјоделски саем во Пловдив, Бугарија.
Предавање за убоди од инсекти Во клубот „Х.Т.Карпош“ утревечер со почеток во 18 часот, ќе се одржи предавање за убоди од инсекти во организација на пчеларското друштво „Пчела“.
Хигиеничари краделе од Транзитниот центар Табановце Двајца хигиеничари краделе разни производи во Транзитниот центар Табановце.
Поскапување на цените на бензините и дизелот Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 0,5, а дизелот за 2 денара, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
СДСМ: Каде се тие 600 вработувања дневно? Од општинската организација на СДСМ Куманово денеска на прес-конференција, ја прашаа власта каде се тие 600 огласи за вработување дневно и дали знаат дека во Куманово има над 10.000 невработени млади луѓе.
Лицата со ниски примања да не доаѓаат во ФЗОМ за пререгистрација Продолжува автоматската пререгистрација за лицата со ниски примања, информираат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Кумановец уапсен на Табановце за издржување казна затвор Кумановец во саботата е уапсен на граничниот премин Табановце, затоа што требал да издржува казна затвор за сторено кривично дело кражба.
Богата туристичка понуда за празникот на жената Туристичките агенции во градот имаат богата понуда за прослава на празникот на жената 8-ми март. Поголем дел од понудите се однесуваат на европските метрополи и планинските туристички центри, а помалку за домашните дестинасии.
Пензионерки ќе учествуваат на „Бабино благце“ во Велес Жени од Здружението на пензионери Куманово во сабота ќе учествуваат на гастрономската манифестација „Бабино благце“, на езерото Младост близу Велес, која ја организираат велешките пензионери.