×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • До четврток огревно дрво преку Шумско стопанство

    24.03.2016 15:51 | KumanovoNews

    Жителите на Куманово, Липково и Старо Нагоричане,  можат до понеделник да потпишат договор со ЈП „Македонски шуми“, подружница Куманово, за купување огревно дрво.

    До четврток огревно дрво преку Шумско стопанство

    По истекување на  рокот,  дрва ќе се продаваат само во приватните складишта каде цената е повисока.

    Директорот Ваит Саити вели дека интересот кај граѓаните е голем., но тие имаат капацитет да ги обезбедат потребните количини.

    Има заинтересирани многу граѓани, кои секојдневно доаѓаат и потпишуваат договори. Ветувам дека и оваа година сите ќе добијат квалитетни дрва. Како и минатата година цената ќе биде иста 2.371,00 денар за буково дрво, поради што ќе бидеме поконкурентни од приватните продавачи. Пријавувањето трае до 31 март, а кога времето ќе дозволи ќе започнеме со испораката, -тврди Саити.

    Тој додава дека кога ќе ги испорачаат договорените количини дрва,  вишокот ќе биде пуштен во продажба.

    Пензионерите и инвалидизираните лица, можат да го плаќаат дрвото на 8 рати, додека другите граѓани во готово. Испораката на пензионерите ќе се врши по исплатата на половината од ратите. ЈП "Македонски шуми" го смени начинот на продажба на огревните дрва од оваа година за да можат сите корисници навреме да се снабдуваат со оваа суровина.