Полициска акција во Липково и Арачиново
26.03.2016 10:20
| KumanovoNews
По полноќ завршила полициската акција во неколку села од липковскиот регион и долж границата што е опфатена со кризната мерка поради мигрантската криза.

Повеќе од два часа синоќа имало претреси во неколку липковски села и напуштени објекти на потегот кон граничниот појас.
МВР за денес најави официјални информации и детали за спроведените контроли.
Градоначалникот на Липково, Садула Дураку, синоќа тврдеше дека ситуацијата е мирна и дека не е вистина дека има вооружена група од Косово.