“Шумско“ издало 45 дозволи за собирање плодови “Шумско стопанство“ Куманово досега издало околу 45 дозволи за собирање на шумски плодови.
СВР Куманово со штуро соопштение за убиството Две лица се приведени, а уште неколку се повикани на информативен разговор по вчерашниот вооружен инцидент во населбата Бедиње кога едно лице беше убиено, а две повредени.
Пронајдено оружјето од кое е пукно Обвинителот издаде наредби за обдукција на телото на убиениот и вештачење на оружјето од кое е пукано
Една поплака до “Меѓаши“ од Куманово Во првите шест месеци од годинава, до Првата детска амбасада “Меѓаши“ во Скопје, имало само една поплака за прекршување на детските права од Куманово.
ДУИ жали за ицидентот во Куманово Демократската унија за интеграција изрази жалење за вооружениот инцидент што се случи вчера во Куманово и ги повика надлежните органи да го расветлат докрај.
Приведени неколку лица за убиството во Бедиње Бајрам Лимани, в.д. претседателот на разгранокот на ДУИ во Куманово, еден од осомничените за убиството на Џемаил Реџепи, командант Шипоња се предал на полицијата.
Полицијата не соопштува детали-убијците во бекство Кумановската полиција не соопшти нови информации на попладневната прес-конференција, туку само потврди дека во вооружениот инцидент во угостителски објект во населбата Бедиње едно лице е убиено а две се повредени.
Во престрелка во Бедиње убиени и повредени неколку лица Едно лице е убиено и две повредени во престрелка што попладнево се случила во населбата Бедиње, спроти касарната Христијан Карпош.
„Панче Пешев„ се врати од фестивал во Германија Културно уметничкото друштво “Панче Пешев“ се врати од Меѓународниот фолклорен фестивал во Шлиц, Германија.
Кумановци незаинтересирани за одмор на планина? Кумановци немаат навика да летуваат на планина, и најголем дел летниот одмор го поминуваат покрај вода, на море или езеро.
Повреденото момче се бори за живот Д.П.(14) од Богданци е момчето што вчера попладне беше прегазено во населбата Пуковско, на регионалниот пат Куманово - Свети Николе.
Зголемен сообраќајот вон градските средини Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Прегазено момче во Пуковско На регионалниот пат Куманово- Свети Николе, во близина на бензинската пумпа Роси Петрол, во населбата Пуковско, околу 17 часот прегазено е момче.
Четворица повредени во две сообраќајки Четири лица се здобиле со полесни повреди во две сообраќајни несреќи што синоќа се случиле на улиците и патиштата во Куманово.
Обид за грабеж во менувачница ? Непознато лице наводно се обидело да ограби менувачница во центарот на градот, која се наоѓа спроти зградата на Уред до пералницата за коли.
Кумановец навредувал полицајци што вршеле увид Д.С.(31) навредувал полицајци, откако бил запрен со возилото додека претекнувал колона, а службените лица вршеле увид во сообраќајна несреќа.