Изложба на рачни ракотворби
Во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ утре од 12 до 14 часот ќе се одржи изложба на рачни ракотворби под наслов „Жена-корен на традицијата„.
„Изложбата ја насловивме како „ Жената - корен на традицијата “ ја претставува македонската жена во поинакво светло . Допирот на нејзините умешни раце создале уникатни дела вредни за восхит и почит. Вистинска убавина е излеана во ракотворбите на жените кои оставаат свој посебен белег во времето, кој ќе остане засекогаш врежан во нашата историја да сведочи за македонскиот идентитет. Овие жени се амбасадори, афирматори и презентери на нашето национално, традиционално и историско. Бидете дел од едно пладневно матине во наш македонски дух со ракотворбите на: Соња Стаменковска - кутии за накит со елементи на традиционален македонски вез, Лена Цветанова - филигран и слики масло на платно, нЕлена Мехмети - вез и филц, Биљана Шуковска - производи обвиткани со слама, Даца Баџевска - украсни шишиња со македонски мотиви“, стои во соопштението на организаторите.