×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Фалат дефектолози и логопеди во училиштата

    01.03.2016 15:11 | KumanovoNews

    Како да се реши проблемот со немање стручен кадар од дефектолози и логопеди  во основните и средни училиштата во градот, расправаа претставници од образованието, општината и родители на денешната трибина „Состојба и предлог мерки за олеснување на инклузијата во образовниот процес на лица со посебни потреби во Општина Куманово„.

    Фалат дефектолози и логопеди во училиштата

    „Во Куманово околу 400 деца се вклучени во инклузивно образование, а од 22 училишта само во четири има вработено дефектолози кои можат да дадат стручна помош на лицата кои имаат потреба во редовната настава. Имаме дипломиран стручен кадар, кој не може да влезе во образованието затоа што немаме согласност од министерството“,- рече Жика Крстевски, раководител на Секоторот за образование.

    На трибината беше истакнато дека токму поради малиот број на стручен кадар во училиштата, неможе да се обезбеди професионална грижа на учениците.

    „Не можете да вклучите деца со попреченост ако нема соодветен стручен кадар, дефектолог, логопед, психолог, стручен тим којшто во секој момент треба да излезе во пресрет на ученикот“,- рече Горан Петрушев, претседател на Сојузот на дефектолози на Македонија.

    На трибината беше заклучено дека дополнителен проблем во Куманово е тоа што нема развиено мрежа на самостојно живеење со поддршка на лицата со попреченост, ниту згрижувачки семејства кои прифаќаат деца со попреченост.