Неколку пожари во Куманово и кумановско Во изминативе два дена имаше неколку пожари во Куманово и кумановско, информираат од Регионален центар за управување со кризи.
На Табановце се чека по 30 минути Зголемена е фреквенцијата на граничниот премин Табановце, стои во соопштението од Авто мото сојузот на Македонија.
Прослава за Голема Богородица во населба Карпош Жителите на населбата Карпош денеска го слават празникот Голема Богородица.
Спомен куќата на Карпош дадена на користење на Музеј Куманово На последната седница на Советот на општина Куманово е изгласана одлука со која Спомен куќата на народниот херој Христијан Тодоровски -Карпош, се дава на користење на Музеј Куманово.
Четири пожари за едно деноноќие Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден имала 4 интервенции.
Поради дефект дел од центарот без струја Во дел од центарот на Куманово утрово поради дефект нема струја.
Дамјановски: Не е точно дека не се инвестира во Перо Чичо Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски ги негира тврдењата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ дека населбата Перо Чичо е заборавена и дека таму не се инвестира.
Затворена 41.ликовна колонија „Куманово“ Уметници од Македонија, Србија и Романија изработија над 15 дела во рамки на ликовната колонија „Куманово“, која ја организираат општината и Музеј Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски заборави на предизборните ветувања за Перо Чичо Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека не ги исполнил предизборните ветувања за населбата Перо Чичо.
Габреш, Градиште, Кучкарево и Кокошиње со по едно прваче Во подрачните школи на основното училиште „Коцо Рацин“ во кумановските села Габреш, Градиште, Кокошиње и Кучкарево, оваа учебна година ќе има само по едно прваче.
Благо намалување на наталитетот во Куманово Во второто тромесечје од 2015 година се родени 280 деца во Куманово, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
„Водовод“ со добивка во последното тромесечје Јавното претпријатије во периодот од 1 април до 30 јуни годинава, има добивка од 1.258.000 денари.
Општината трошела за капитални инвестиции и тековни работи Во вториот квартал од 2015 година општина Куманово најмногу пари потрошила за програмите на јавните претпријатија, изградба на Затворениот пливачки базен, улици, субвенции за стечајци, одржување на јавно осветлување и слично.
Кумановци организирале превоз на азиланти Полицијата поднесе кривична пријава против П.В.(56) и Д.С.(56), двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на шенгенскиот договор.
Менаџерскиот тим на „Водовод“ ќе ги решава водоснабдителните проблеми Менаџерскиот тим на јавното претпријатије “Водовод“ ќе ги решава водоснабдителните проблеми за обезбедување на чиста и исправна вода за пиење, при што ќе се побара и Министерството за земјоделство и Министерството за животна средина да се вклучат во надминување на кризата и да бидат гаранти.
Три интервенции кај наплатна рампа Романовце Во текот на вчерашниот ден имало три интервенции кај наплатна рампа Романовце, на запалена сува трева и стрниште.