×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦИД почна проект за подобрување на капацитетите на организациите

    13.02.2016 13:05 | KumanovoNews

    Центарот за интеркултурен дијалог започна да реализира проект за подобрување на капацитетот, одржливоста и автономијата на граѓанските организации.

    ЦИД почна проект за подобрување на капацитетите на организациите

    Во проектот кој го спроведуваат заедно со Македонски зелен центар и Асоцијација за европски проекти од Брисел, ќе бидат опфатени над 40 организации од Македонија. Ќе се овозможи вмрежување, зајакнување на соработката меѓу македонското граѓанско општество со европски организации, иновација во пристапите и друго.

    Нашата цел е да ги обучиме граѓанските организации од Македонија да изградат капацитети и заедно со институциите да работат на доближување на Македонија на патот кон ЕУ, но исто така и ние ќе се обидеме да ги вмрежиме локалните и националните со организации во Брисел, тие да можат подобро да соработуваат и гласот на нас Македонците да се слуша во Брисел поблиску до институциите на ЕУ - рече Милош Ристовски од ЦИД.

    Наесен ќе биде организирана студиска посета во Брисел за учесниците во проектот.

    Партнерите од Асоцијација за европски проекти од Брисел велат дека нивната улога е да го поддржат проектот и да дадат експертиза за македонските организации.

    Како организација имаме долго искуство на правење на обуки, на застапување на теми, лобирање кон европските институции. Понатаму нашата улога ќе биде испраќање на експерти коишто ќе одржат обука тука во Македонија, на организациите во Македонија за тоа како полесно можат да пристапат до европските институции и мрежи од Брисел - изјави Фредерик  Фабре, генерален секретар на Асоцијација за европски проекти од Брисел.

    Проектот ќе трае до почетокот на 2017 година и е финансиран преку ИПА програмата на ЕУ.