Базар со рачни изработки од „Порака наша“
Базар со рачни изработки денеска се одржува во маркетот „Туш“ и во Комерцијална банка, а собраните средства ќе бидат наменети за работа на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.

Рачните изработки се направени од ученици од „Наце Буѓони“ и од корисниците на „Порака наша“, а се со мотиви за Свети Валентин.
Продаваме букети со срциња, торби, престилки, а исто имаме и колачиња со кои ќе ги послужиме луѓето што ќе купат нешто, тоа е изненадување. Се надеваме дека ќе успееме да продадеме сè. Се надеваме на сè најдобро, дека луѓето ќе бидат хумани и ќе дадат свој прилог за лицата со интелектуална попреченост - изјави Владана Ранчиќ, практикант во „Порака наша“.