×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци краделе во Космо Тинекс Дрогерија

    13.02.2016 13:06 | KumanovoNews

    Скопската полиција поднесе кривични пријави против Д.Р.(41) и М.З.(27) од Куманово, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело разбојничка кражба.

    Кумановци краделе во Космо Тинекс Дрогерија

    Кражбата ја извршиле во декември лани околу 12 часот, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 29.000 денари. Прво отишле во Космо Тинекс Дрогерија лоцирана на улица „Даме Груев“, по што првопријавениот влегол внатре, а второпријавениот го чекал надвор и по кратко разгледување по рафтовите каде биле изложени парфемите Д.Р. украл пет парфеми и се упатил кон излезот. Вработената го видела и се обидела да го запре на излезот, но тој не застанал туку се свртел  и ја удрил со бокс во пределот на вратот, по што таа паднала на земја. По ова крадците избегале.

    По разгледување на подигнатиот видеоматеријал од безбедносните камери монтирани во и пред дрогеријата, во Полициска станица Центар Д.Р. бил приведен, а М.З. по предходно распишана потрага бил приведен во Куманово. Оштетената ги препознала пријавените лица како сторители на кривичното дело. Со нив бил извршен разговор во кој Д.Р. во целост го признал и појаснил начинот на извршување на кражбата.

    Тој е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти, потоа на кривични дела против јавниот ред и мир и кривични дела против здравјето на луѓето, за што од скопската полиција  од 1994 до 1997 година му биле поднесени две кривични пријави, а од кумановската полиција од 1992 до 2015 година поднесени му биле 19 кривични пријави. И М.З. е сторител на кривични дела од областа на имотните деликти  и кривични дела против здравјето на луѓето, за што од  СВР Куманово од 2009 до 2015 година поднесени му се три кривични пријави.

    На Д.Р. му е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, а за М.З. заштитна мерка - јавување на надлежен орган – Суд Куманово.