Се одржа првото рочиште за случајот Милошевски Започна судењето на Живко Бојковски од Куманово, возачот на џипот кој е обвинет дека ја предизвика сообраќајната несреќа на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во која животот го загуби познатиот голман и директор на фудбалската репрезентација Петар Милошевски.
Четириесетина лекарски интервенции на мигранти на Табановце Мобилна лекарска екипа изминативе два дена реализирала 41 интервенција на граничен премин Табановце, стои во соопштение од МВР.
Попуст за ран упис во „Еуро Колеџ“ Дваесет отсто попуст ќе добијат студентите кои до 1 август ќе се запишат во “Еуро Колеџ“.
Ученици од “Светозар Марковиќ“ ќе учат српски на Тара Ученици од четврто и петто одделение од основното училиште “Светозар Марковиќ“ од село Старо Нагоричане, на 13 јули ќе заминат на курс по српски јазик на планината Тара во Србија.
Изгореа 15 хектари жито кај Зебарњак Кај споменикот Зебарњак во петокот попладне изгореа 15 хектари жито во приватна сопственост.
Кумановец несакајќи ранил сограѓанин со пиштол Г.М.(33) завчера околу 14.30 часот, во фирма на “Индустриска„ бб додека ракувал со пиштол марка „Глог“, калибар 9 мм кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум и му нанел прострелна рана во пределот на бутот на својот сограѓанин Р.М.(45).
Ревијата “Ала франга“ презентирана во Созопол Кумановскиот музеј со модната ревија насловена како “Од Ала франга до современа мода“ деновиве учествува на 10-от меѓународен фестивал на музеите во Созопол, Бугарија.
Пет лица повредени во сообраќајка кај Макреш Во директен судир на два автомобила на место викано Герен, кај селото Макреш, вчера околу 14 часот повредени се пет лица.
Средношколскиот пленум од септември ќе делува порадикално Од Средношколскиот пленум од Куманово највуваат дека во новата учебна година ќе бидат порадикални и ќе бараат укинување на екстерно тестирање, електронски дел од матура и да се укинат казни за ученици и наставници.
Мешани патроли во обиколка на градот Мешани патроли составени од полицајци и родители вечерва ќе одат во обиколка на градот.
Три пожари во изминатото деноноќие во Куманово Во последните 24 часа во Куманово се регистрирани три пожари.
Дамјановски:ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ја дефокусира јавноста со обвинувањата упатени кон него, дека не се работи на реализација на проектите во населбата Гоце Делчев.
ВМРО-ДПМНЕ:Градоначалникот не ги исполни ветувањата во Гоце Делчев Од ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на прес-конференција го обвинија градоначалникот Зоран Дамјановски, дека ништо не исполнил од предизборните ветувања дадени во 2013 година за населбата уредување на Гоце Делчев.
Советот за превенција ќе ја подобрува безбедноста во градот Локалниот совет за превенција секој прв вторник во месецот ќе се состанува, и ќе дискутира за безбедносната состојба во градот.
Три кривични во акцијата „Гора„ Тројца кумановци заработија кривични пријави за нелегална сеча на дрва во рамките на акцијата „Гора“, која МВР ја спроведе минатиот месец.
За пчеларите годинава не е медоносна? Пчеларите прогнозираат дека оваа година поради временските услови, нема да соберат многу мед.