Кондуктер во воз земал пари, а не издал билети за сите мигранти
12.02.2016 13:25
| KumanovoNews
С.Б.(46) од Куманово, вработен како кондуктер во воз земал пари од мигранти, но не им издал билети на сите.

Тој во декември лани во воз кој се движел на релација Гевгелија-Табановце, на Железничка станица Демир Капија на 10 економски мигранти земал 250 евра, а издал само билети за осум патници за 40 евра и заработил незаконски 210 евра.
Полицијата од Неготино против него поднесе кривична пријава за несовесно работење во службата.