Вработени во железници краделе облека од бегалци
12.02.2016 13:42
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден е регистрирана кражба на облека во Прифатниот центар Табановце.

Хигиеничар од Прифатниот центар Табановце, забележал како вработени во Македонски железници, земаат облека наменета за бегалците, а случајот е пријавен во полиција, стои во извештајот од Регионалниот центар за управување со кризи.
Хигиеничарот не можел да ги препознае крадците, затоа што по 22 часот во кампот немало струја.