Концерт на пијанистката Елена Костовска Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 20 часот, концерт ќе одржи пијанистката Елена Костовска.
Синдикалците на Првомајски марш за солидарност во Скопје Членовите на Регионалниот синдикат Куманово, во петок ќе учествуваат на Првомајски марш за солидарност во Скопје.
Седум години Кумановоњус Интернет порталот Кумановоњус денеска слави седум години постоење и успешна работа.
Се поставуваат семафори кај Жмара Крстосницата на улиците „Октомвриска револуција„ и „Пионерска„ наскоро ќе добие семафори. Од вчера започна поставувањето на металната конструкција на тротоарите, по што ќе се намести хоризонталната и вертикална светлосна сигнализација.
Кривични пријави за кумановци што пустошеле шуми Во акцијата “Гора“, кумановската полиција поднесе кривични пријави против неколку кумановци, кои овозможиле и учествувале во пустошење на шуми.
Младите медицинари ги едуцираа основците Средношколците од здравствената струка од “Наце Буѓони“, ги посетија основните училишта во Куманово, каде организираа предавања за основците на здравствени актуелни теми.
Триесет и шеста седница на Совет Триесет и шестата седница на Советот на општина Куманово, ќе се одржи утре во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот.
Самостојна изложба на Анета Божинова Во Уметничката галерија утревечер во 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на акдемскиот уметник Анета Божинова.
Во Стрима гореше шума, во Доброшане сува трева Во изминативе два дена се регистрирани два пожари, при што во првиот горела шума во липковското село Стрима, а во вториот трева во село Доброшане.
Изложба на графики од Момчило Аврамовски во Кратово Во Музеј на град Кратово утре во 12.30 часот, ќе биде отворена изложба на графики од Момчило Аврамовски.
Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на 2 и 3 мај во Куманово Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на 2 и 3 мај во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе го одржи 15-от конгрес.
Оштетениот мост на Липковка проблем за вработените во Расадникот Расадникот на јавното претпријатие Македонски шуми во Куманово остана отсечен од градот, откако последните поплави сериозно го оштетија мостот на реката Липковка, кој го поврзува претпријатието со регионалникот пат Куманово - Липково.
Вработени во ЕВН незаконски замениле броила Двајца вработени во ЕВН Македонија во 2013 година, на незаконски начин извршиле замена на броила.
Петнаесет основци ќе одат на државен натпревар по англиски Петнаесет ученици од основните училишта од Куманово, на 9 мај ќе учествуваат на државен натпревар по англиски јазик во Скопје.
Пингпонгарката Ива Димитриевска прва во Крива Паланка Пингпонгарката Ива Димитриевска од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“, викендов во Крива Паланка зема прво место, на турнирот “Топ 8“ за младинки.
Петстотини граѓани останаа без социјална помош Петстотини кумановци од различни националности се пожалиле во Националниот ромски центар дека им е укината социјалната помош, затоа што лани на сметка добиле пари од роднини од странство.