Кризниот штаб ги утврди критичните точки на реките Општинскиот кризен штаб ги утврди критичните точки во кумановско, каде може да дојде до излевање на речните корита.
Земјоделците да аплицираат за субвенции за “капка по капка“ Земјоделците кои одгледуваат фуражни култури, од 15 февруари до 31 март во Платежна агенција ќе можат да аплицираат за добивање на средства за инсталирање на системот “капка по капка“ за наводнување.
Триесет и втора седница на Совет Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 18 точки.
Општината Липково објави нов повик за доделување стипендии на студенти Општина Липково објави конкурс за доделување стипендии на студентите од нивната општина, кои се деца без родители, социјално загрозени или имаат добар успех на факултет.
Поднесени барања за оштета од минатонеделните поплави Пет барања за проценка на штети настанати од поплавите на 23 и 24 јануари, досега се поднесени до општина Куманово.
Старо Нагоричане се подготвува за заштита од нови поплави Со подигање насипи по течението на река Пчиња и информирање на месното население за заштита, општина Старо Нагоричане се подготвува за заштита од евентуални нови поплави, кои се очекуваат викендов.
Веб страната на Кумановско - осоговска епархија со превод на српски Веб страната на Кумановско - осоговската епархија од неодамна доби превод и на српски јазик.
Пазарниот инспекторат привремено затвори две фирми Државниот пазарен инспекторат, изрече неколку парични казни за кумановски фирми и две забрани за вршење на дејност од 30 дена, за непочитување на законите.
УХМР: Се очекуваат обилни врнежи и засилен ветер Од петок попладне, под влијание на циклонска активност и серија влажни бранови од Медитеранот ќе има нови пообилни врнежи од дожд, придружени со засилен јужен ветер и локална појава на грмежи, информираат од УХМР.
Насипи и вреќи со песок ќе не штитат од поплави Ќе се направат насипи и ќе се ставаат вреќи со песок по должина на речните корита, за да се создаде заштита од поплавите кои се очекуваат викендов.
Ваши писма: Забелешки на еден гимназијалец од провинција Се е совршено. Македонското општество постојано бележи подобрувања и константен напредок во сите области, секојдевно ни соопштуваат најпопуларните медиуми, изминатите 10-тина години.
Деца од различни националности го славеа Св.Сава Деца од различни националности вчера беа на заедничка прослава на Св.Сава во основното училиште “Светозар Марковиќ“ во селото Старо Нагоричане.
Нема поднесено ни една пријава за хонорарна работа во ПИОМ До Подрачното одделение на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Куманово досега не е поднесено ни едно барање за плаќање на придонеси за хонораци, иако од први јануари тоа е законска обврска за сите кои примаат месечен хонорар поголем од 9500 денари.
Дестани: Даваме рок од два дена Министерството да почне преговори СОНК му дaва рок од два дена на Министерството за образование за почнување на преговори, во спротивно ќе преземат порадикални чекори.
Крводарителска акција во чест на Тоше Проески Членовите на здружението “Коледари“ утре организира крводарителска акција во нивните простории во населба “Карпош“. Акцијата ќе трае од 11 до 14 часот.
Во Центарот за култура изложба на афоризми и карикатура Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 19.30 часот, ќе биде отворена изложба со карикатури од 15 - от Меѓународен фестивал на афоризми и карикатура Струмица 2014.