03. 09. 2010 15:17

14 групи и музичари на Урбан викенд

14 групи и музичари на Урбан викенд

На Градскиот кеј во вечерва и утре се одржува "Урбан викенд 2010". Викендот се совпаѓа со почетокот на учебната година и ќе бидат пуштени во употреба бесплатните WI-FI интернет зони на Плоштадот и на Градскиот кеј

Урбан викендот 2010" е поделен на две музички вечери,првата вечер е наменета за HIP-HOP каде што ќе учествуваат следниве 9 музички групи: DJ Musashi, Jan, Edi,Monto i Vlatak, MC Tiho Noumatik i Bandit, Black rose (Vace, 2 crew, Shorty & Fakto), Nepoznat proekt & D.H.C. (katakomba), Dac, Siki, SVABA, kengur i Chempy. Tyzee & Skipi, Vuk i Koki, и R2. Втората вечер е именувана како Rock night на кој ќе настапат следниве рок групи:DJ Milosh, Egnatia,Evgenija & Igor,Stop the pigeon,Sunmelody + special guest -рече Мартин Костовски од Општината.

 Сите бендови се од  нашиот град и орхганизаторите даваат можност подобро да се промовираат и афирмираат во јавноста. Почетокот е закажан во 20.30 часот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk