11. 03. 2010 17:58

Били Ајдол во Скопје

Били Ајдол во Скопје

Човекот со неверојатен глас, огромна харизма и безброј хитови како: „White weeding, Flesh for fantasy, Sweet sixteen, Speed, LA Woman, Dancing with myself“... ќе одржи концерт на 20 јуни на Скопско лизгалиште.

На оваа турнеја Били Ајдол ќе ги отсвири своите најголеми хитови во друштво со легендарниот гитарист Стев Стевенс. Дека неговите концерти во живо се феноменални зборува и фактот што неговиот настап е прогласен за најдобар настап на фестивалот Еxit 2006 на сите времиња.

По Скопскиот концерт, кој што е во организација на Авалон Продукција, Били ќе настапи во Белградска Арена, а ден потоа ќе биде ѕвезда и на In music festival во Загреб.

Со ова Македонија дефинитивно го доби својот најголем рок спектакал за престојното лето.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk