Бреговиќ ги избра можните српски претставници на Евросонг
19.02.2010 12:20
| KumanovoNews
По три дена кастинг на кои биле пеени песните на Горан Бреговиќ, како можни претставници на Србија на Евросонг се спомнуваат имаињата на Емина Јаховиќ, Милан Станковиќ, Миња Самарџиќ и Марија Лазиќ(финалистка од серијалот „Јас имам талент„).

Како објавуваат српските медиуми, Бреговиќ напишал три песни од кои една ќе ја претставува Србија на годинешниов Евросонг во Норвешка. Песните биле во препознатлив стил на Бреговиќ, кој музичките критичари го нарекуваат „Balkan beat”.