16. 02. 2010 13:48

Дали Шакира и Надал се во тајна врска?

Дали Шакира и Надал се во тајна врска?

Њујорк Пост ја објави веста дека колумбиската пејачка Шакира и шпанскиот тенисер Рафаел Надал се поблиски и повеќе отколку што треба.

Шакира и  Надал се „стари пријатели“. Шакира е редовен гостин на неговите турнири,а медиумите неколку пати ги фатиле во романтично дружење. Тие неодамна поминале извесно време заедно во Барселона.

Парот престојувал во Шпанија заради снимање на видео спот, а  по завршувањето на ангажманот продолжиле со дружење.

Шакира со новиот избраник е снимена на еден ручек.

„Тие беа сами, насмеани и тие си шепотеа нешто“, изјавил еден од вработените во ресторанот и додал - „Беше очигледно дека не се само пријатели“.

Триесет и тригодишната Шакира е во врска со Антонио Де ла Руо, додека Надал сеуште се забавува со својата средношколска љубов Марија Франциска Перела.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk