23. 02. 2010 17:03

Деп учи шпански поради Костурица

Деп учи шпански поради Костурица

Холивудската ѕвезда Џони Деп ќе почне да учи шпански за да може во целост да го припреми ликот на мексиканскиот револуционер Панчо Виља, во филмот на Емир Кустурица.

Интересно е дека Џони Деп до сега повеќе пати на големото платно глумел ликови со латиноамериканско потекло како чуениот заводник Дон Жуан, но никогаш до сега не научил шпански. Сепак поради големиот спектар на карактери кои ги толкувал, Деп одлично ги усвојува странските акценти, а за тоа придонес има и мултикултурната средина во која раснел во Флорида. Сепак глумецот во приватниот живот не може да се пофали со познавање на други јазици освен мајчиниот. Иако веќе со години живее со својата сопруга во Франција, неговите комшии тврдат дека Деп одвај разбира француски.

Верувале или не, Џони и јас ќе мора да научиме шпански – неодамна изјави Емир Костурица кој ќе биде режисер на филмот. Тој нагласи дека разбирањето на шпански е неопходно бидејки целиот филм ќе биде на тој јазик, како и остатокот од екипата која ќе работи на него.

Филмот со првичен наслов „Седумте пријатели на Панчо Виља и жената со шест прста“, сга ќе носи наслов „Диви ружи, нежни ружи“. Филмот ќе почне да се снима на почетокот на следната година, така да Костурица и Деп ќе имаат доволно време да научат шпански.

Деп учи шпански поради Костурица

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk