Ѓоко Таневски ќе не претставува на Евровизија
21.02.2010 14:49
| KumanovoNews
Ѓоко Танески со пената „Јас ја имам силата“ ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на Евровизија, што оваа година ќе се одржи во Осло - Норвешка.

На синоќешниот национален избор во Универзалната сала, Танески во драматична завршница освои најмногу поени, пред Влатко Илиевски.
Песната „Јас ја имам силата“, по текст и музика на Кристијан Габроски и аранжман на Дарко Тасев. Во бендот кој го придружува Танески, се наоѓа и познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски.